Кошаркарите на Будуќност го одбранија домашниот терен против Црвена звезда, славеа со 84:80 (по четвртини: 20:25, 15:13, 22:20, 27:22) и израмнија на 2:2 во финалната серија во АБА лигата за мајсторка во понеделник (19 ч.) во Белград. Покрај шампионската титула, влог во петтиот решавачки меч ќе биде и учество во Евролигата во наредната натпреварувачка сезона.
Човек на одлука во четвртиот меч беше Норис Кол. Мечот го заврши со 31 поен и беше вистински лидер на црногорскиот состав со преземање на одговорност во моментите на кршење на резултатот. Најефикасен меѓу „црвено-белите“ беше Били Берон со 24 коша.
Вечерашниот меч во Подгорица мина без инциденти што ги имаше во третиот судир.