Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финале во кошаркарскиот Еврокуп: Четврта титула за Валенсија за пласман во Евролига

0
By Нова ТВ on April 15, 2019 СПОРТ
Фото: eurocupbasketball.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Валенсија ја „прегази“ Алба со 89:63 (по четвртини: 17:18, 29:15, 17:11, 26:19) во „мајсторката“ од финалната серија во кошаркарскиот Еврокуп за четврти трофеј во натпреварувањето и обезбедено место во Евролигата за сезоната 2019/20.

Шпанскиот состав го доби првиот меч со 89:75, Алба возврати во Берлин со 95:92, па одлуката за новиот освојувач на Еврокупот падна во салата „Фонт де Сан Луис“ во кој се прашуваше само една екипа. Неизвесна понудија само воведните десет минути од финалната пресметка.

Останатите пола час игра минаа во знак на Валенсија која во клупските витрини заслужено смести уште еден пехар со потпис „Еврокуп“ по 2003 година, 2010 година и 2014 година што ја прават апсолутен рекордер. За бундеслигашот, пак, ова е второ загубено финале по 2010 година во кое на патот до тронот, исто така, му стоеше шпанскиот клуб.

Мет Томас беше најефикасен во победничката екипа со 19 поени, Бојан Дуљевиќ и ветеранот Фернандо Сан Еметерио уфрлија по 18. Први стрелци кај екипата на Алба, на која ` преостанува да брка евролигашко членство преку домашното првенство, беа Рокас Геидраитис со 19 коша и Пејтон Сива со 14. Признанието МВП на финалната серија го понесе Вил Томас.

Алба Берлин Валенсија Еврокуп кошарка финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.