НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финале во Лига Европа: Ајаксовите „клинци“ контра ѕвездите на Јунајтед

0
By Нова ТВ on May 24, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филозофија наспроти пари, младост наспроти искуство, игра за око наспроти игра на резултат. Ова се главни поенти во најавата за вечерашното финале во Лига Европа што носи судир меѓу Ајакс и Манчестер јунајтед на „Френдс арена“ во Стокхолм. Покрај освојувачот на 46 издание на натпреварувањето, пред полноќ ќе го дознаеме и името на првиот тим што ќе гостува на „Телеком арена“ во Скопје на 8 август во европскиот Суперкуп. Вториот ќе биде познат за десет дена во Кардиф по шампионската пресметка меѓу Реал Мадрид и Јувентус.

Финалето на европскиот север ќе започне со минута молчење, потврди УЕФА, за жртвите во нападот во Манчестер во понеделникот. Немилите сцени од Островот беа причина за редуцирање на забавниот дел од програмата пред мечот. Откажан е настапот на Axwell & Ingrosso, шведско дуо диџеи, кои требаше да ги забавуваат присутните во објектот што е подигнат во непосреда близина на езерото Растасјон во Солна, место што се наоѓа северно од центарот на Стокхолм.

Незапирливи дома, индиферентни на гости е описот за настапите на Ајакс во Лига Европа во оваа сезона. Младиот холандски состав, чија просечна возраст е 22 години, ги доби сите седум средби на „Амстердам арена“ или од неодамна „Јохан Кројф арена“. Потешко му одеше настрана, но популарните „Синови на Господ“ (прекар на тимот), успеаја да истраат во предизвиците и да се справат со Легија, Копенхаген, Шалке и Олимпик Лион во нокаут рундите. Каков ќе биде нивниот однос на неутрален терен ќе мора да причекаме уште некој час.

Дави Класен (24) важи за клучна алка на Ајакс на теренот. Капитен е на тимот и пример за младите производи на клупската академија. Играчот за врска постигна неколку важни голови во сезоната во која засега има 21 и благодарение на ефект се поврзува со трансфер во Англија или во Италија во летниот преоден рок.

Петер Бос, пак, е човекот кој успеа да го склопи мозаик во Амстердам и да го води до финале во вториот натпреварувачки ранг на УЕФА. Беше фудбалер со дефанзивни задачи во средниот ред или „деструктивец“ со задача да ја разбива противничката игра. Неговите сфаќања се едноставни – напаѓачки стил со висок притисок и уживање. Член беше на шампионската генерација на Феенорд од сезоната 1992/93. Во Холандија се врати пред 12 месеци од Макаби  Тел Авив, ја прифати понудата на Ајакс и направи бум. Признава дека е под големо влијание на партиите на големиот Ајакс од 70-те и 80-те години на минатиот век со легендарните Ринус Михелс и Јохан Кројф.

„Ќе ги пратам моите играчи да се прегледаат на доктор ако не се нервозни. Особено што вечерашното финале е прво европско за нив. Затоа е нормално што се чувствува нервоза, но се надевам дека нема да ги стигне на терен. Имаме шанса да го победиме Манчестер јунајтед само ако ја наметнеме нашата игра. Свесен сум за возраста на фудбалерите, дека се млади на што верувам дека обрнавме доволно внимание во подготовките што ја направи поинтересна и мојата работа“, изјави Бос.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го прифати барањето на премиерлигашот за откажување на официјалната прес-конференција пред финалето поради понеделничките напади во Манчестер. Наместо тоа, клубот се огласи со соопштение во кое се вели:

„Тажни сме поради трагичниот настан. Со срцата и мислите сме со жртвите во нападот и нивните семејства. Пред нас се обврски и одиме во Шведска да ја завршиме работата. Овојпат не патувавме со среќа како што е случај пред секој голем натпревар“.

„Црвените ѓаволи“ го напуштија Манчестер во траорна атмосфера. Ден по стравичниот напад за време на концертот на Аријана Гранде беше се затворено на „Олд трафорд“. Под клуч беа и кафе барот и продавницата за сувенири и музејот во „Театарот на соништата“. Беа откажани и туристичките тури низ храмот. Едноставно владееше неподнослив молк.

Фото: uefa.com

Во таков амбиент се одвиваа последните подготовки за натпреварот што ќе му донесе прв трофеј на Жозе Мурињо со Јунајтед или прв европски трофеј на Ајакс по 1995 година и тогашниот триумф во Лигата на шампиони. Влогот е, сепак, голем. Пред сè ова се однесува на Манчестер кој имаше очајна сезона во Премиерлигата. Заврши на шестото место што значи ништо од Лигата на шампиони во 2017/18. Но, е меч на сезоната за Португалецот кој има 60 милиони причини за победа.

Победникот ќе добие седум милиони евра, двојно повеќе од поразениот тим и билет во рака за ЛШ наесен. Ако Манчестер Ј. не успее и вечерва може да заборави и на 25 милиони што како бонус треба да ги добие од „Адидас“, а кога кон нив ќе се додадат и парите од ТВ права се доаѓа до сумата од 60 милиони евра и бенефитите што ги носи освоениот пехар во ЛЕ.

МОЖНИ СОСТАВИ

Ајакс (формација 4-3-3): Онана – Велтман, Де Лигт, Санчез, Ридевалд – Класен, Шене, Цијех – Траоре, Долберг, Јунес. Менаџер: Петер Бос.

Не играат: Виргевер (суспензија), Синкгравен (повреда на колено)

Манчестер јунајтед (4-3-3): Ромеро – Валенсија, Џонс, Блинд, Дармијан – Фелаини, Ерера, Погба – Лингард, Рашфорд, Мкитарјан. Менаџер: Жозе Мурињо.

Не играат: Бејли (суспензија), Шоу (повреда на зглоб), Ибрахимовиќ (повреда на колено), Рохо (повреда на колено), Јанг (повреда на тетива)

ПАТОТ НА АЈАКС ДО ФИНАЛЕ 

Групна фаза, 1 коло: Панатинаикос – Ајакс 1:2

Групна фаза, 2 коло: Ајакс – Стандард 1:0

Групна фаза, 3 коло: Селта – Ајакс 2:2

Групна фаза, 4 коло: Ајакс – Селта 3:2

Групна фаза, 5 коло: Ајакс – Панатинаикос 2:0

Групна фаза, 6 коло: Стандард – Ајакс 1:1

Шеснаесетфинале, прв меч: Легија – Ајакс 0:0

Шеснаесетфинале, реванш: Ајакс – Легија 1:0

Осминафинале, прв меч: Копенхаген – Ајакс 2:1

Осминафинале, реванш: Ајакс – Копенхаген 2:0

Четврт-финале, прв меч: Ајакс – Шалке 2:0

Четврт-финале, реванш: Шалке – Ајакс 3:2

Полуфинале, прв меч: Ајакс – Олимпик Л. 4:1

Полуфинале, реванш: Олимпик Л. – Ајакс 3:1

ПАТОТ НА МАНЧЕСТЕР Ј. ДО ФИНАЛЕ

Групна фаза, 1 коло: Феенорд – Манчестер Ј. 1:0

Групна фаза, 2 коло: Манчестер Ј. – Зорја 1:0

Групна фаза, 3 коло: Манчестер Ј. – Фенербахче 4:1

Групна фаза, 4 коло: Фенербахче – Манчестер Ј. 2:1

Групна фаза, 5 коло: Манчестер Ј. – Феенорд 4:0

Групна фаза, 6. коло: Зорја – Манчестер Ј. 0:2

Шеснаесетфинале, прв меч: Манчестер Ј. – Сент Етјен 3:0

Шеснаесетфинале, реванш: Сент Етјен – Манчестер Ј. 0:1

Осминафинале, прв меч: Ростов – Манчестер Ј. 1:1

Осминафинале, реванш: Манчестер Ј. – Ростов 1:0

Четврт-финале, прв меч: Андерлехт – Манчестер Ј. 1:1

Четврт-финале, реванш: Манчестер Ј. – Андерлехт 2:1

Полуфинале, прв меч: Селта – Манчестер Ј. 0:1

Полуфинале, реванш: Манчестер Ј. – Селта 1:1

Ајакс Лига Европа Манчестер Јунајтед Стокхолм финале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.