Плејоф за ЛШ: Ајакс ремизира на Кипар, гостински победи на Славија Прага и Бриж

Останатите три меча од плејоф фазата за ЛШ се играат во среда (21 август). Динамо во Загреб го дочекува Розенборг, Црвена звезда ќе гостува во Швајцарија на екипата на Јанг Бојс, а Олимпијакос во Пиреја ќе биде домаќин на Краснодар

Барселона и ПСЖ извисија: Де Лихт во Јувентус, за Ајакс 70 милиони евра

Тинејџерот кој во четврт-финалето на ланското издание на Лигата на шампиони ја елиминира токму „старата дама“ ќе добие договор на пет години, неговата плата по сезона ќе изнесува меѓу 15 и 20 милиони евра, а тимот од Амстердам, чиј капитен беше досега, ќе заработи 70 милиони евра од трансферот

Падна и Тотенхем во Лондон: Ајакс чука на портите на „Ванда Метрополитано“ (Видео)

Конечни 1:0 за „копјаниците“ со погодокот на Дони ван де Бек во 15. минута што е повеќе од одлична предност за составот на Ерик Тен Хаг за реваншот на „Амстердам арена“ наредната недела. Утревечер (среда, 21 ч.) на „Камп Ноу“ се игра и второто полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул

„Убиец“ на фаворити: По Реал М., Ајакс го елиминира и Јувентус во ЛШ (Видео)

„Копјаниците“ од Амстердам го совладаа Јувентус во Торино со 2:1 и се пласираа меѓу најдобрите четири во елитното натпреварување на УЕФА. Противник на Ајакс во полуфиналниот двомеч ќе биде подобриот од дуелите меѓу Манчестер сити и Тотенхем. По минималниот триумф на Барселона на „Олд Трафорд“ во првиот меч, Каталонците победија и во реваншот на „Камп Ноу“ со 3:0

Дани Карвахал: Во една недела загубивме сè и тоа дома

По триумфот на Светското клупско првенство, Реал Мадрид останува без шанси за нов трофеј до крај на сезоната. Барселона го исфрли од Купот на Шпанија во минатата недела, Каталонците имаат недостижни 12 бода предност во домашното првенство, а вечерва останаа и без Лигата на шампиони

Аста ла виста за европскиот шампион: Ајакс е џелатот на Реал Мадрид (Видео)

Холандскиот првак ги понижи „кралевите“ на „Бернабеу“ со 4:1 и се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампиони. Тотенхем се потврди меѓу најдобрите осум со триумф над Борусија и во Дортмунд со 1:0. Утревечер нови два реванш натпревари во Лигата на шампиони. Екипата на ПСЖ го дочекува Манчестер јунајтед со големи 2:0 0д првата средба на „Олд Трафорд“ додека Порто на „Драгао“ ќе биде домаќин на Рома. Римјаните имаат 2:1 од „Олимпико“