НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финска ќе го збогати НАТО со 280.000 војници и 900.000 обучени резервисти

0
By Соња Крамарска on May 12, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пристапувањето на Финска во НАТО ќе ја „зајакне“ безбедноста на регионот на Балтичкото Море и северна Европа, изјави министерот за надворешни работи на земјата Пека Хаависто.

Хаависто се обрати пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска, само неколку минути откако беше објавена заедничката изјава на финскиот претседател и премиер со која ја објавија својата поддршка за аплицирање за членство во НАТО.

„Доколку Финска одлучи да аплицира, пристапувањето на Финска ќе ја зајакне безбедноста и стабилноста на регионот на Балтичкото Море и северна Европа“, им рече Хаависто пред пратениците на ЕУ. Истакнувајќи дека земјата сега „брзо се приближува до точката на национално носење на одлуката“, Хаависто ги изложи дополнителните придобивки од финското членство.

„Од перспектива на НАТО Финска има цврсти демократски акредитиви кои ги исполнуваат критериумите за членство во НАТО и има силна и кредибилна национална одбрана која е интероперабилна со НАТО“, рече тој. „Убедени сме дека Финска ќе донесе дополнителна вредност на НАТО. Нашата сила на одбранбените сили за време на војна е 280.000 војници, а обучената резерва е 900.000 мажи и жени“, продолжи Хаависто.

Тој, исто така, се осврна на последиците од руската инвазија на Украина, нарекувајќи го „непредвидливо“ однесувањето на Москва. Инвазијата на Украина е „напад против целиот европски безбедносен поредок“, рече Хаависто, кој ја нагласи потребата ЕУ да направи максимум за да и даде на Украина политичка, воена, економска и хуманитарна поддршка.

војници НАТО Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.