Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема веќе здравствени картички, фирмата стави клуч на врата

2
By Менче Атанасова Точи on November 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 22, 2016 15:42

Нема веќе електронски здравствени картички за граѓаните, фирмата престана да ги изработува. НОВА дознава дека фирмата „Индициус“, која што ги произведуваше картичките си ги собрала машините и ставила клуч на врата. „Индициум“  е фирма ќерка на хрватската „АКД“која го доби тендерот за изработка на здравствените картички и беше формирана за да го опслужува македонскиот здравствен систем. НОВА го пронајде претставништвото на оваа фирма кое пред повеќе од еден месец е иселено од просториите.

indicium-7

Од свои извори во Фондот за здравство НОВА дознава дека нов договор не склучен со ниту една фирма. Од тендерот на кој требаше да се избере нова фирмата што ќе ги печати картичките, нема ниту траг.

Од Фондот за здравство велат дека проектот за електронска картичка е заокружен,а сите граѓани кои побарале минатата година ги добиле картичките. Од таму велат дека нови картички биле испечатени за граѓаните на кои им истекува  рокот на важност за годинава.

„Започнати се активности за осовременување на постоечкиот систем за ЕЗК, со подетални информации  јавноста ќе биде запознаена кога ќе заврши постапката“, одговорија кратко во ФЗО. Нема ниту збор, кога ќе биде распишан тендерот кој се најавува од минатата година.

deca

Нејасно е, како ќе се лекуваат новороденчињата и бебињата за кои нема нови картички, но и сите оние кои не добиле картички досега. Дали повторно ќе вратат сините картони на голема врата. Зошто на вработените во здравствениот сектор  кои во јули платија за картичките, а не ги добија, не им се вратени парите. На вкупно 46 000 вработени во здравството во јули годинава им биле одбиени по 250 денари од плата без нивно знаење бидејќи поминал рокот на траење на картичките. Иако поминаа шест месеци  од тогаш, најголем дел од вработените картичките се уште не ги добија.

НОВА се обрати во хрватската фирма „АКД“ со која Министерството за здравство имаше склучено договор, за да прашаме која е причината што си заминаа од земјава. Но, одговор не добивме.

Она што се знае, е дека Министерството за здравство од непознати причини не распишува нов тендер за избор на фирма која ќе  изработува нови здравствени картички.

todorov-i-fzom-1

Министерот за здравство Никола Тодоров во јули минатата година  кога имаше застој во изработката на картичките,  пред новинарите се правдаше дека бараат најдобра опција. Во ФЗО тврдеа дека овие две институции интензивно работат на решавање на проблемот со ЕЗК.

„Ова прашање на секоја прес конференција ми го поставувате, се надевам дека наскоро ќе можам да ви дадам одговор“ одговори тогаш на новинарско прашање,  директорот на ФЗО,Сашо Стефановски.

Од тогаш до денес не се случи ништо. За оваа суштинска реформа во здравството во која беа инвестирани големи финансиски средства молчат и во Министерството и во Фондот за здравство.

Несогласувањата и нередовното плаќање ја избркаа хрватската фирма 

Иако никој официјално не ги објаснува причините за пропаста на проектот, во јавноста се знае дека несогласувањата меѓу Фондот и Министерството за здравство  резултираа со раскинување на договорот со хрватската фирма „АКД“. Овие две институции никако не можеа да се договорат чиј е проектот и кој, каква одговорност носи.

Втората причина за пропаѓање на проектот, според познавачите на проблематиката е неисполнување на обврските од страна на Министерството за здравство кое нередовно ги исплаќало ратите на хрватската фирма. Тоа е и причината што во неколку наврати во изминатите години имаше прекини на соработката и застои во печатењето на картичките.

16383

Сега познавачите на проблематиката се сериозно загрижени бидејќи како што велат, доколку се склучи договор со друга фирма тоа ќе доведе до  уште поголеми проблеми и повеќе финансиски трошоци.

„Чиповите на картичките од хрватската фирма се уникатни, така што новата фирма што ќе добие на тендер ќе треба да изработи нови чипови и нов софтвер.Тоа ќе значи повторно големи финансиски трошоци“велат извори на НОВА кои се добро упатени во проблематиката.

 

Граѓаните ги плаќаат картичките за кои имаше обезбедено пари во буџетот

Проектот кој беше најавуван цела деценија како интегриран информатички систем во здравството заедно со електронската картичка според проценките уште на самиот старт голтна 20 милиони евра и веднаш почна да ги покажува слабостите.  Здравствените картички кои требаше да профункционираат во 2009 та година започнаа да се изработуваат дури три години подоцна. За оваа намена имаше обезбедено 7, 5 милиони евра, но парите  ги снема со ребалансот на буџетот во 2012 та година. Нови средства повеќе не беа предвидени.

Тогаш, министерот Тодоров одлучи граѓаните картичките да ги плаќаат од сопствен џеб. Тоа значеше нови 7 до 8 милиони евра кои се собраа во буџетот од граѓаните. Со издавањето на новите картички летово од 46 000 осигуреници беа собрани нови 220 000 евра.

И покрај огромните трошоци, картичките отстапуваат од проектот. Тие во себе не го содржат медицинското досие на пациентот, како што беше ветувано,  туку само основни податоци од кои може да се види само дали пациентот е осигуреник во ФЗО или не. Картичките само ги заменија сините картони, а здравствените книшки продолжија и понатаму да се користат. Тоа само по себе говори за издржаноста на проектот, потенцираат познавачите. Неофицијално,  досега се изработени околу 1 милион и 800 илјади картички. Секое ново печатење на картичките, ќе значи и нови трошоци за граѓаните. Картичките се со рок на траење од три до пет години. Картичката чини 250 денари, а пензионерите за неа плаќаат по 100 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

здравствени картички проект пропадна фирма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.