Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирми во Македонија на црна листа на Турција како соработници на Ѓулен

0
By Нова ТВ on July 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 29, 2016 22:52

Државната новинска агенција во Турција – Анадолија објави шема на организацијата Фето на Фејтула Ѓулен во сите балкански земји, меѓу кои и Македонија. Според Анадолија, ФЕТО е терористичка организација која е предводена од политичкиот противник на претседателот Реџеп Ердоган, а во која се вклучени стотина училишта, туристички агенции, невладини организации, медиуми.

Анадолија пишува дека организацијата ФЕТО своите активности во почетокот ги остварува на полето на образованието и за таа цел веќе се отворени 15 училишта во Босна, 12 во Албанија, 7 во Македонија, 5 во Косово и 1 во Србија.
Во неколку градови во Македонија, според новинската агенција, има фирми од образованието, транспортот, трговијата, здравството и туризмот кои се поврзани со ФЕТО.

mkd-276127
Први на листата, според агенцијата, се основните и средните училишта „Јахја Кемал“ во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и во Струмица. Потоа неделникот „Заман Македонија“, како и организацијата „Седеф“ која организира курсеви ои турски јазик. Меѓу фирмите на црната листа се туристичката агенција „Башак“, компанијата за транспорт „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР, кои се наоѓаат во Скопје.

Според Анадолија, еснафот и деловните луѓе на ФЕТО спроведуваат свои активности во организацијата „Здружение на бизнисмени“ (Makedonya İş Adamları Birliği – MİBA). Фондациите „Шафак“ (Şafak) и „Толеранс“ (Tolerans) се одговорни за работењето на студентските интернати во земјата, но се знае и дека организацијата има интернати во Скопје, како и во други градови низ земјата.

„Организацијата од своите први години од постоењето во Македонија собирала пари за зеќат (бериќет), за садака (пари за сиромашни) и за курбан (делење месо за сиромашните за време на празникот Курбан Бајрам) и со собраните пари отворила невладини организации и училилишта, со што придонесува за создавање забуна меѓу народот, бидејќи собира пари надвор од рамките на Исламската верска заедница“, пишува агенцијата Анадолија.

Од турската амбасада во Скопје не откриваат дали Турција официјално побарала од Македонија да преземе мерки против наводните соработници на движењето ФЕТО кое го сметаат за терористичка организација која стои зад неуспешниот воен преврат на 15 јули.
Од списокот на „непријателски фирми“ на новинската агенција Анадолија, засега реагираа само од „Јахја Кемал“ од каде што велат дека тие немаат никаква поврзаност со Фетула Ѓулен, ниту финансиска, ниту каква било друга и дека се работи за македонска компанија која веќе 20 години без никакви проблеми функционира во Македонија.
Македонското министерство за надворешни работи засега молчи за тоа дали турските власти побарале од надлежните во земјата да преземат мерки против одредени организации, кои официјална Анкара ги смета за дел од мрежата на Фатула Ѓулен, кого турскиот претседател Таип Ердоган го посочи како одговорен за неуспешниот воен удар.

Анадолија Заман Јахја Кемал Реџеп Таип Ердоган Турција Фејтула Ѓулен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.