Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФК Шкендија: Натпреварот го следеа и Заев и Пешевски

9
By Нова ТВ on August 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 26, 2016 15:35

Државниот врв добил покана за вчерашниот натпревар, но тие не се одѕвале, велат за НОВА од фудбалскиот клуб Шкендија кои по вчерашниот пораз од белгискиот Гент со 4:0 ja изгуби шансата за влез во групната фаза во Лигата на Европа.

Ваквата историска шанса на клуб од Македонија вчера осамна на второ место, откако медиумите се зафатија со присуството на опозицискиот лидер Зоран Заев на натпреварот.

„Навиваме за Шкендија и за нов успех на Македонија“, напиша Зоран Заев на официјалните профили на социјалните мрежи споделувајќи фотографија од натпреварот.

zaev-pesevski

Објавата  на Заев предизвика провладините медиуми оркестрирано да објавувааат  дека Заев застанал рамо до рамо со навивачите на Шкендија, познати по националистичкото навивање и величaње на УЧК и Голема Албанија.

На фудбалскиот натпревар присуствувал и вицепремиерот Владимир Пешевски, но за ова ниту збор не беше објавен во истите медиуми.

Од фудбалскиот клуб велат дека нивните достигнувања секогаш се ставени во втор план. Оттаму посочуваат дека тимот не може да ја контролира ситуацијата на трибините и велат дека се против тоа што тимот се искористува за политички цели.

– На натпреварот вчера присуствуваа и опозицискиот лидер Зоран Заев и вицепремиерот Владимир Пешевски. Посебна благодарност до Пешевски кој редовно ги следи нашите натпревари. Имаше покана и за претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и за актуелниот премиер Емил Димитриев и сите се добредојдени. Што повеќе да направи Шкендија?  Зошто секогаш сме мета на политички поени? Ве молам, 5 Македонци ми играат во клубот, генералниот секретар е Македонец, ако Шкендија е националистички клуб не знам кој. Имало скандирања на натпревари и против Албанците и против Македонците, што треба да се прави, ние да се занимаваме и со ситуацијата на трибините?, вели за НОВА директорот  на клубот Ибраим Рамадани.

Дел од навивачката група вчера на трибините на Филип Втори нападнала еден косовски државјанин и еден полицискиот службеник  кој приватно ја следел  играта, но со себе имал пиштол кој навивачите му го одзеле.

Од СВР Скопје велат дека шест лице биле приведени веднаш по инцидентот и им биле издадени платни налози за сторени прекршоци од Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските натпревари.

Владимир Пешевски Зоран Заев Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.