Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Флорида како жариште на ковид-19 во САД: Околу 2.000 деца се позитивни на почетокот на учебната година

0
By Sashko on August 27, 2021 СВЕТ
Фото: abcnews.go.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Флорида е најпогодената американска сојузна држава по појавата на новиот Делта сој на ковид-19, при што смртноста од вирусот моментно е поголема од кога било од почетокот на пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во изминатото деноноќие на Флорида од коронавирус починале 901 лице, додека инфицирани биле речиси 22.000 луѓе. Хоспитализациите се на максимално ниво. Овој негативен тренд се должи на указот на гувернерот Рон Десантис за забрана на спроведување на мерките на сојузната влада за задолжително носење маски. 

Во Оринџ, еден од најнаселените окрузи на полуостровот, околу 2.000 ученици се заразиле од коронавирус во првите две недели од почетокот на новата учебна година. 

Округот беше еден од првите што ја спроведоа наредбата на републиканскиот гувернер, гласен критичар на мерките за носење маски и вакцинација, кој во врска со ова во повеќе наврати размени критики и навреди со претседателот Џо Бајден.  

Администрацијата на Оринџ, сепак, ја укина одлуката родителите сами да решаваат дали нивните деца да носат маски, откако околу 2.000 ученици се заразиле од ковид-19 во првите две недели од наставата што започна на 10 август. 

Десантис се закани дека ќе ги запре платите на директорите на училиштата и на членовите на школските одбори, ако одберат спроведување на федералната мерка за носење маски за време на настава.  

Повеќе окрузи како Алачуе Брауард, Дувал, Хилсбург, Индијан Ривер, Леон, Мајами-Дејд, Палм Бич и Сарасота се соочуваат со овие закани, бидејќи училиштата одлучија да ја спроведуваат наредбата за носење на маски. 

Повеќе родители од разни окрузи го тужат гувернерот поради забраната за воведување режим на маски во школите и наведуваат дека со тоа „се нарушува Уставот на Флорида, бидејќи се меша во власта на окрузите и спречува школите да обезбедат безбедни услови за образование“. 

Федерален судија денеска се очекува да пресуди по оваа тужба.

делта сој Коронавирус САД Свет Случлаи учебна година ученици Флорида
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.