Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лаин: Сакаме да ја градиме Европа заедно со вас

0
By Нова ТВ on September 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сакаме да ја градиме Европа заедно со вас. Убедена сум дека референдумот ќе биде успешен и дека на крајот ќе се движите по вистинскиот пат, изјави германската министерка за одбрана Урсула фон дер  Лаин на денешната заедничка прес-конференција во македонското Министерство за одбрана со нејзината македонска колешка Радмила Шекеринска.

– Референдумот претстои. Знам дека тој е поврзан со името на вашата држава, вашиот идентитет и историја, но сепак во овој референдум гледам голема шанса. Верувам дека граѓаните на вашите земја ќе земат активно учество. Од нашето искуство во врска со германското обединување можам да кажам дека такви шанси се уникатни и дека треба да се искористат. И кога зборувам за искористување на шансата сакам да кажам дека зборувам за обединета Европа, дека сакаме заедно да продолжиме да ја градиме Европа со вас, рече министерката Фон дер Лаин.

Министерката Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање што доколку референдумот не успее и дали Македонија ќе остане пред вратата на НАТО,  изрази уверување дека референдумот ќе биде успешен и дека земјата веќе се подготвува за пристапните разговори со НАТО.

– Од моментот кога ја добивме поканата за НАТО формиравме тимови за подготовка на пристапни разговори. НАТО-тимови веќе беа во земјата, а на крајот од месецот ќе следуваат средби со претставници на НАТО Алијансата и во Брисел. Разговорите се водат според планот. Не очекуваме никакви прашања кои може да успорат процесот. Можеме однапред да кажеме дека фокусот ни е таму. Македонија ќе биде подготвена да го склучи протоколот за пристапување во НАТО. Она што политички не чека, што политички мора да го докажеме е дека имаме целосна и неподелена поддршка на овој процес и тоа ќе го направиме на 30 септември. Мислам дека успешниот референдум, успешниот процес на македонска страна дефинитивно ќе ги забрза сите наши сојузници да помогнат пристапниот дијалог да биде брз, ефикасен и квалитетен, рече Шекеринска.

Според германската министерка за одбрана, кога станува збор за билатералната соработка, посакува заедно да чекориме на патот кон членство во НАТО.

– Ќе продолжиме да соработуваме на билатерално ниво во однос на заедничките вежби кои може да се изведат во соработка помеѓу двете држави. Нудиме можност за продлабочување на соработката во областа на обуката на натамошната квалификација, но се разбира и на материјален план. Кога зборуваме за НАТО можам да кажам дека нашите размислувања се многу слични и многу блиски и имам чувство како вие да сте дел од НАТО. Сега станува збор практично за еден премин, а тоа е да станете земја членка на НАТО. Убедена сум дека референдумот ќе биде успешен, дека се ќе биде како што треба и дека на крајот ќе се движите по вистинскиот пат, рече германската министерка за одбрана Фон дер Лаин

Скопје Урсула Фон дер Лаин Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.