Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 39 стипендии на студенти

0
By Нова ТВ on October 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 39 студенти годинава станаа стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.  Од нив 21 студент од Медицинскиот факултет и 18 од Фармацевтскиот факултет ќе ја користат стипендијата за учебната 2017/2018 година. Стипендијата изнесува 6500 денари, а студентите ќе ја примаат во текот на целата година.

На 10 годишнината од основањето на Фондацијата традиционално беа доделени наградите и за најдобри студенти. Тоа се Александра Зафировска и Душко Шалабалија од Фармацевтскиот факултет, со просек 9,75 и Невенка Ридова од Медицинскиот факултет со просек 9, 76.

„Алкалоид АД“ е општествено одговорна компанија и се грижи за развојот и иднината на младите и амбициозни кадри. Од основањето до сега Фондацијата „Трајче Мукаетов “ досега има доделено 418 стипендии, 150 на Факултетот за Фармација и 129 на Медицинскиот факултет“, изјави Живко Мукаетов генерален директор на „Алкалоид АД“.

Оваа домашна најдобро рангирана  компанија секогаш помагала на студентите, на специјализантите да се усовршуваат, за конгреси, работилници.

“Трајче Мукаетов имаше чувство за млади и надежни студенти, а Живко Мукаетов ја реализира оваа хумана мисија“, изјави Никола Јанкуловски ректор на УКИМ.

Изборот на студентите е направен според економскиот статус и просечниот успех.

„Се надевам дека дел од нив ќе дојдат да работат тука“, рече Светлана Топузовска декан на Медицинскиот факултет.

Деканот на Фармацевтскиот факултет изјави дека ова можност повеќе и за вработување на младите кадри бидејќи 69 од стипендистите досега се вработиле во „Алкалоид  АД“.

„За студентите ова е една надеж повеќе да бидат дел од оваа компанија по дипломирањето“, изјави Светлана Кулеванова декан на Фармацевтскиот факултет.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е основана во чест на Трајче Мукаетов  кој на чело на компанијата застана во 1985 година, а во време на неговото раководење Алкалоид стана водечка во фармацевтската индустрија во регионот.

Алкалоид награди стипендии студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.