Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондацијата Заев обезбеди пари за наградите за есеј за македонскиот јазик

0
By Соња Крамарска on May 5, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Горд сум на фактот дека овој Ден беше востановен во 2019 година на моја иницијатива, како претседател на Владата на Република Северна Македонија, и веќе петта година, 5 Мај се слави како Ден на македонскиот јазик“, порача на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев по повод денешниот ден.

„Денот е избран во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која, на 5 мај 1945 година, ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис, со што беше кодифициран македонскиот јазик“, вели тој.

Заев подвлече и дека Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, го одбележува овогодинешниот Ден на македонскиот јазик на начин кој соодветствува со своите стремежи и програмски определби.

„Врз основа на претходно потпишан Меморандум за соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, нашата фондација ја има улогата на поддржувач на јубилејна активност на оваа институција. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, по повод 70-годишнината од своето постоење, распиша конкурс за есеј, на теми: „Јазикот наш денешен“ (за ученици од основните и средните училишта) и „Што направивме и што треба да направиме за македонскиот јазик“ (за студенти). Нашата фондација обезбеди парични награди за авторите на трите најдобри есеи од секоја категорија“, информираше поранешниот премиер.

ден на македонскиот јазик Зоран Заев Институт „Крсте Мисирков“ парични награди Фондација „Заев-едно општество за сите“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.