Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формирана е новата француска влада

0
By Нова ТВ on June 22, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот претседател Емануел Mакрон го обелодени составот на неговата нова Влада на премиерот Едуард Филип, во која се задржани политичата рамнотежа и паритетот со вклучување и на неколку политичари од редовите на десницата и левицата, јави дописникот на МИА од Париз.

Од новата Влада, во која доминираат членови на партијата Републиката напред (ЛРМ) на Макрон, заминаа четворица досегашни министри од редовите на центристичкото Демократско движење (МоДем), поради “аферите” за фиктивни вработувања на парламентарни асистенти.

По парламентарите избори во неделата, на кои блокот на ЛРМ и МоДем освои апсолутно мнозинство во Националното собрание, Макрон формира во која сега има 30 члена, наспроти 23-та во претходниот Кабинет.

Досегашните министри за внатрешни работи Жерар Коломб, за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан и за економија и финансии Бруно Ле Мер, останаа на истите функции и во новата Влада.

По заминувањето на тројца досегшни министри на МоДем – Франсоа Бајру за правда, Силви Гулар за одбрана и Мариел де Сарнез за Европа, оваа центристичката партија во новата Влада доби две министрски функции и тоа Жаклин Гурол како министер про Министерството за внатрешни работи и Женевјев Дариесек како државен секретар при Министероството за одбрана.

Флоранс Парли, поранешен државен секретар во Владата на социјалистичкиот премиер Лионел Жоспен, беше назначен за нов министер за одбрана.

Поранешениот социјалисти Стефан Травер и Никол Белубе ќе раководат со министерствата за земјоделство и за правда.

Ресорот за тероторијална кохезија, со кој досега раководеше поранешниот социјалист Ришар Феран, близок до Макрон, кој се соочува со судската истрага во една афера со недвижности, во новата Влада го доби Жак Mезар од Левата радикална партија (ПРГ).

Во владата на Филип, кој доаѓа од редовите на конзервативната партија Републиканците (ЛР), покрај Бруно Ле Мер, се најдоа уште неколкумина конзервативци како Жан-Батист Лемуан и Себастијан Лекорни.

Новата влада има 20 министри и 10 државни секретари и подеднаков број мажи и жени. Во неа има 17 министри кои доаѓаат од граѓанскиот сектор.

– Имаме влада со согласност си заложбите на претседателот на Република. Таа е цврста, паритерна и зајакната, соопшти претставник Кабинетот на Mакрон.

Првата седница на новата Влада ќе се одржи во текот на денешниот ден.

Францускиот печат во зависност од политичката ориентација или ја поздравува владата како „експертска“, со оглед на големиот број непартиски членови или пак ја критикува како „технократска“, бидејќи голем број од министрите доаѓаат од високата државната администрација или од престижните административни школи.

Влада Едуард Филип Емануел Макрон Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.