Ниту една Влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. Ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог. Токму затоа денес можеме со гордост да кажеме дека Македонија гради зрел, структуриран и одговорен модел на соработка, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски на вториот национален форум саем на граѓански организации „Соработка на Владата и граѓанското општество“.
Премиерот потсети дека на 8. јули годинава на 90. седница на Владата ја усвоиле Стратегијата за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028.
Според него, особено важно е заживувањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.




