Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фото финиш: Заев и Ципрас ги завршуваат преговорите, се чека договорот

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како што е најавено, утрово ќе имаатуште еден телефонски разговор во рамки на процесот на преговори за решавање на спорот за името, по вчерашниот, за кој освен дека „„поминал во добра клима“, нема други детали.

Но според информациите и коментарите кои уследија, преговорите се при крај и има надеж и очекувања за постигнување решение пред Самитот на ЕУ подоцна во текот на месецов.

Грчките медиуми што ги цитира МИА пишуваат дека Република Северна Македонија е името за кое се договориле двајцата премиери, а договорот меѓу двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го потпишат во текот на викендот, веројатно во сабота во Преспа, на грчка територија.

Заев и Ципрас вчера разговарале за преостанатите прашања и разгледале неколку идеи за решенија, а за нивниот доглоочекуван разговор речиси истовремено информираа двете влади.

Двете страни со различна цел

За вчерашниот разговор, кабинетот на Ципрас, посочи дека минал во добра клима и двајцата премиери се договориле да ги завршат нивните разговори во денешниот телефонски контакт.

Заев вчера изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и додаде оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни.

– Наша конечна цел е да добиеме фер договор заснован на факти, кој ќе не стави на маса со сите прозападни земји и каде рамноправно, рамо до рамо, ќе го јакнеме нашиот идентитет, ќе ја јакнеме економијата и ќе отвораме перспективи. Веројатно мојот оптизмизам ќе се оствари. Но, конечно ќе биде, кога ќе биде конечно се. Се надевам дека тоа ќе биде утре, рече премиерот синоќа во дебата на „Топ тема“.

Македонскиот премиер нагласи дека е битно да се постигне квалитетно решение, кое ќе биде правно поткрепено, достоинствено и ќе го зачува идентитетот, поради тоа што понатаму тоа решение треба да има и позитивен одѕив кај граѓаните на земјава, кои за него треба да на крај да се изјаснат на референдум.

Кон крајот на септември, почетокот на октомври може да се одржи референдум за името, најави Заев и додаде дека тој термин е соодветен за да се завршат сите процеси до крајот на годината.

Враќање на фрустрациите, радикализмот, квазипатриотизмот, нациоанализмот, се последиците од евентуалното отфрлање на договорот со Грција на референдумот, според македонскиот премиер.

– Сето тоа не ни треба. Ние градиме граѓанско, мултиетничко општество. Македонија има перспектива „запишана во катастар со имотен лист“ како секоја нормална земја, перспектива како членка на НАТО, на ЕУ. Тоа ќе биде поттик и за реформите и за унапредување на животот на граѓаните. Не сакам и да помислам што ќе се случи ако не успее. Мора да гледаме напред и убеден сум дека оваа шанса нема да ја испуштиме како граѓани на Македонија, порача Заев.

Тој не стравува од незадоволство по објавувањето на договорот и додаде дека граѓаните ќе ги имаат на увид сите аргументи, сите фактори и ќе го кажат својот став.

За гаранциите од Грција и меѓународната заедница дека договореното ќе се спроведе, Заев вели дека тоа е предвидено во договорот.

Изрази очекување дека претседателот Ѓорге Иванов нема да го спречи целиот процес, ставајќи вето на договорот, кој би бил ратификуван во Парламентот.

– Верувам дека Иванов и мисли добро на Македонија и дека нема да дозволи да и даде причина на Грција да не прати писмо до ЕУ и НАТО, потенцира премиерот.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера во интервју за грчката телевизија „Контра“, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери истакна дека е направен решителниот чекор.

– Мислам дека денес го направивме решителниот чекор и утре ќе разговараат повторно двајцата премиери и ќе го завршат разговорот што го започнаа денеска, рече тој и објасни дека „преговорите не се права линија тргнавме и одиме на маратон“, туку дека преговорите се „напорен пат со подеми, падови и тешкотии“.

Во однос на европската и евроатлантската перспектива на Македонија, Коѕијас рече дека со ратификуван договор во нашето Собранието, Грција ќе даде зелено светло на Самитот на министри за надворешни работи на ЕУ на 25 јуни, а ако се оди според планираното НАТО ќе достави покана за членство на нашата земја.

– Штом го имаме ратификувано договорот, да се надеваме дека ќе го имаме, од нивното Собрание, како ратификувани и прашањата што ги имаме со Албанија, ние со големо задоволство ќе дадеме „ок“ за да тргнат по нивниот европскиот пат. Секако, доколку ги имаме навистина решено сите проблеми, се надевам дека утре ќе завршиме, ние треба да помогнеме и да ги поддржиме овие земји на нивниот европски пат, рече вчера Никос Коѕијас. Во однос на членството во НАТО, објасни покана е она што може да се даде, како што е планирано, ако се биде во ред на Самитот на 11 и 12 јули, додавајќи дека за оваа покана потребни се ратификации од сите земји членки.

Во однос на тоа кога договорот би пристигнал во грчкиот парламент, Коѕијас истакна дека потребно е да се завршат сите внатрешни процеси кај нас за да започне процесот за членство во ЕУ и НАТО, а потоа и Грција ќе го ратификува договорот за да стапи во сила.

Говорејќи за името Коѕијас нагласи дека тоа ќе биде соопштено по разговорот меѓу двајцата премиери, доколку утре се комплетираат деталите, но откри дека името е веќе одбрано. Додека пак, во однос на јазикот го повтори ставот дека македонскиот јазик е признат уште во 1977 од ОН.

Заев вчера не сакаше да шпекулира во однос на евентуалното решение за името и за тоа дали Република Северна Македонија е можното решение, како најспоменувано во медиумите, нагласувајќи дека решението ќе биде квалитетно и ќе го зачува достоинството и идентитетот на двете страни.

Заев преговори финале Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.