Договорот од Преспа ја обврзува Европскаата Унија (ЕУ) да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан. Му посакав добредојде на мојот пријател Alexis Tsipras во Охрид, со кого заедно учествуваме на #PrespaForumDialogue, напиша македонскиот премиер, Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.
– Се согласивме дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни во 2018 година, секојдневно пристигнуваат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор, со кој воспоставивме стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција, додаде Заев.
Пораките кои глобално се испраќаат од #PFD2021 потврдуваат колкаво постигнување е Договорот од Преспа, документо кој денеска и утре во Охрид и во Преспа го уважуваат и почитуваат стотици високи гости од регионот, од Европа и од светот.