Шефовите на дипломатиите на Западен Балкан имаа заеднички состанок во рамките на Бледскиот форум што започна вчера и продолжи денеска во познатиот туристички центар на Словенија.
„Почетокот на преговори со Северна Македонија ја нагласува важноста на политиката на проширување, како еден од најуспешните проекти на ЕУ во зајакнувањето на европското единство и консолидација на безбедноста и демократските принципи и вредности“, подвлече министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи кој учествуваше на состанокот.
Министерот нагласи дека е од голема важност нашата комуникација и размена на мислења да продолжи во континуитет, во интерес на долгорочната стабилност и просперитет. „Форматот Б6 претставува одличен модел во тој поглед“, порача тој.
Османи попладнево ќе има дискусија на панелот посветен на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. (С.К.)