Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фракција во Левица – Апасиев сигурен дека тие влегуваат во Собранието

0
By Влатко Чаловски on December 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поттикнати од како што велат, неуспешната организација и нејасни стратешки цели, членови и основачи на партијата Левица денеска најавија дека ќе формираат внатрешна фракција под името „Единство“, чија цел, велат тие, е да се обедини членството и партијата да се врати на вистинскиот пат.

„Изминатата година Левица покажа храброст, знаење, желба за промени, но не и политичка зрелост и мудрост. Не беше донесен стратешки план, туку беа исполнувани желбите на одредени лидери. За да се оствари тоа беше прекршен Статутот на партијата и беа употребени лаги и манипулации со членството. Беа искажани закани за бркање од партијата и дисциплински постапки. Ние не ја формиравме Левица за да формираме нови диктатори, туку за да формираме нови лидери“, изјави денеска Маријан Ненов, еден од основачите на партијата.

За предводникот на кандидатската листа на оваа нова партија во ИЕ 1, Димитар Апасиев, таквите фракции се во ред, бидејќи истите се предвидени како статурно право на членовите,  дополнувајќи дека проблемот лежи во саботирањето на веќе донесените одлуки на партијата.

„Спорното е во тоа што се саботираат некои одлуки кои што се веќе донесени,  тоа не е добро. Имено тоа подлежи на дисциплинска одговорност, така што статутарното делување подразбира почитување на одлуките на највисоките партиски органи, во случајов тоа е одлуката за самостојно учество на изборите“, вели Апасиев.

Помеѓу Ненов и Марјан Ристески, исто така основач на партијата, потенцирше дека опозицијата им понудила на Левица сигурни пратенички места, но преговорите биле отежнувани се со цел партијата самостојно да излезе на избори.

„Јас не учествував во преговорите но имавме состанок на кој ни кажаа дека имаме сигурни места во опозицискиот фронт. Некој тоа намерно не го кажуваше, зборуваат дека саботираме ние. Не е точно, апелираме и ги повикуваме јавно носителите на изборните единици да смогнат сили бидејќи рејтинзите покажуваат дека се под 0.3 отсто, да соберат храброст, да ги повикаат граѓаните и да се откажат од овие избори“, изјави Ристески, додавајќи дека на избори се оди со стратегија а не со полемизирања на социјалните мрежи.

Апасиев пак, кој е убеден дека Левица ќе влезе во следниот парламентарен состав, тврди дека преговори воопшто и немало, верувајќи дека најверојатно на членовите од фракцијата им се нуделе примамливи позиции по изборите.

„Ни прават контра услуга. Секојдневно пристапници се пополнуваат како никогаш досега, така што дури и негативниот публицитет нас ни носи гласови на овие избори“, потенцира Димитар Апасиев.

Немањето стратегија тој тотално го отфрла, сметајќи дека Левица придонесува за „пад на режимот“ преку неопределените гласачи, а тие очекуваат сигурни три пратеника во Собранието по изборите закажани на 11.декември.

Димитар Апасиев Единство избори Левица Маријан Ристески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.