Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција го поздравува новиот пристап на дијалог меѓу С.Македонија и Бугарија – спремни сме заедно со европските институции да ја преземеме својата одговорност

0
By Mirjana on February 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„ Франција го поздравува новиот пристап на разговори меѓу Северна Македонија и Бугарија во обид за надминување на ситуацијата , а ние и останатите европски институции спремни сме во даден момент да ја преземеме својата одговорност, изјави амбасадорот на Франција во земјава  Сирил Бомгартнер , прашан за очекувањата дали до крајот на француското претседателство би можеле да се надеваме на одлука за старт на преговорите со ЕУ а врз основа на учинокот од билатералните разговори Скопје-Софија.

„ Не можам прецизно да одговорам бидејкји работата е во тек и е билатерална во која преговараат двете земји, она што е јасно е новиот  пристап во преговорите и се води дијалог на највисоко ниво и тој е интензивен  и е билатерална работа за која се разговара на конкретни теми. За нас е важно,  редовно и постојано да сме информирани за сите прашања и токму и тоа се случува има и заемно информирање меѓу двата града инаку постои совршена координација меѓу градовите и европската интеграција но овој проблем е во билатерални рамки. Ние како француско претседавање го охрабруваме ова раздвижување и спремни сме во даден мномент да ја преземеме својата одговорност, изјави Бомгартнер мислејќи на македонско-бугарската разврска за надминување на недоразбирањата.

Бомгартнер истакна дека агендата ја утврдуваат двете земји а дека резултатот ќе се цени според  развојот на настаните и разговорите во рамки од сите работни групи. Француското претседателство е спремно да се преземат конкретни чекори за крајот кој го очекуваме како исход сите. Позицијата на Франција е со  безрезервна поддршка колку е можно побрзо отворање на претпристапните преговори и за Северна Македонија и за Албанија доколку Македонија и Бугарија дојдат до завршница која ја очекуваме и посакуваме сите и би додал дека на Франција и е чест тоа да се случи под француското претседателство, истакна францускиот дипломат во земјава.

Амбасадорот Бомгартнер, учествуваше на конференција за спортска дипломатија , која под покровителство на кабинетот на премиерот Ковачевски денеска се одржува во Министерството за надворешни работи.

(М.Т.)

 

 

 

 

 

 

 

АМБАСАДОР ФРАНЦИЈА БОМГАРТНЕР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.