Француските сили го ликвидираа шефот на Ал Каеда за Северна Африка, Абделмалек Друкдел на северот на Мали, соопшти министерката за одбрана Флоранс Парли.
„Француските вооружени сили со поддршка на своите локални партнери на 3 јуни го убија шефот на Ал Каеда за исламски Магреб, Абделмалек Друкдел за време на операција на северот на Мали“, напиша Парли на Твитер.
Во акцијата, како што додаде Парли, се убиени и неколку блиски соработници на Друкдел.