Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фридом Хаус: Демократијата во Македонија назадува

21
By Нова ТВ on April 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 12, 2016 12:21

Во денеска објавениот годишен Извештај на Фридом хаус, „Нации во транзиција“, за Македонија е забележан пад во шест од седумте категории што се земаат предвид.

Земјава назадува во категориите национално демократско владеење, изборен процес, независност на медиумите, локално демократско владеење, владеење на правото и независност на судството, борба со корупцијата. Напредок има само во категоријата граѓанско општество.

Ова придонело во извештајот на Фридом хаус сумарната оценка за демократскиот развој на Македонија да биде полоша од лани (сега е 4.29, а лани беше 4.07 – оценките се од 1 до 7, при што 1 претставува највисоко ниво на демократски развој, а 7 најниско).

– Имплементацијата на договорот постигнат со посредство на ЕУ ќе одреди дали Македонија ќе се стабилизира и ќе консолидира демократско владеење преку политички дијалог. Ефикасноста на преодната влада веројатно ќе биде спречена од политичката борба и различните струи во нејзините редови, можно е да бидат пропуштени роковите за реформи, иако севкупниот напредок треба да остане на вистинскиот пат поради притисокот и посредувањето од страна на ЕУ и меѓународната заедница, се наведува во прегледот за Македонија.

Во кампањата за предвремените избори ќе доминира скандалот со прислушувањето и, најверојатно, ќе биде придружена со етнонационалистичка и конфронтирачка реторика. Спроведувањето и исходот од изборите, како и работата на судството во истрагата на активностите на незаконско следење објавени во 2015 година, ќе бидат клучните фактори во одредувањето на правецот за демократско владеење во 2016 година, сметаат од Фрудом хаус.

Во регионот полоша генерална оценка во извештајот имаат само Босна и Херцеговина (4.50) и Косово (5.07). Подобри од Македонија се Албанија (4.14), Црна Гора (3.93), Србија (3.75), Хрватска (3.68), Бугарија (3.25). Во извештајот на Фридом хаус власта во Македонија е оценета како транзициска или како хибриден режим, за разлика од Србија во која се вели дека има полу-консолидирана демократија.

Целосниот Извештај е на следниот линк.

2015 2016 Извештај Македонија Фридом хаус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.