Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фридом Хаус“: Македонија напредува демократски, но сè уште е во групата хибридни

0
By Нова ТВ on May 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 6, 2020 11:19

Македонија напредува демократски, но останува во категоријата на влади во транзиција или хибридни режими, се вели во извештајот на невладината организација „Фридом Хаус“ од Вашингтон, потпишан од нејзиниот истражувач Мајкл Шмелцер. Во делот за земјата е евидентиран прогрес, меѓутоа, исто така, стои и дека неодамнешните случувања го доведуваат во прашање напредокот во иднина.

„Поради пандемијата од коронавирус се одложени вонредните парламентарни избори во земјата што беа закажани за 12 април по оставката на Зоран Заев, бидејќи земјата не доби датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија“ е нотирано во извештајот.

Напредок, според извештајот, е евидентиран во областа на медиумите и во тој дел се опфатени Македонија и Косово.

„Двете земји бележат напредок во областа на независните медиуми. Нашите стручњаци утврдија долгорочен тренд на пораст на објективното и веродостојно известување, како и зголемување на бројот на различни медиуми. Во медиумите на Косово се уплатени и донаторски средства во насока на унапредување на работата на електронските медиуми и сузбивањето на дезинформации“, укажува Шмелцер.

Македонија е спомената во извештајот и во врска со влијанијата на Кина во регионот. Претходните извештаи на „Фридом Хаус“ за државите во транзиција ги документираа начините на кои Русија ја користи дипломатијата за дестабилизација на трансатлантскиот сојуз и воспоставување на свои сфери на влијанија. Но, Кина во последните години не била ништо помалку активна во обидот за остварување на своите надворешно политички цели.

„Фридом Хаус“ во извештајот наведува дека Кина во својот меѓународен ангажман не користи методи на директна конфронтација, туку прикриени методи на делување врз демократските институции во регионот што се протега од Централна Азија до Централна Европа.

„Кина се повеќе ги користи слабостите на институциите, вклучувајќи се во корумпирање на политичките и економски структури. Во извештајот укажавме на увоз на технологија заљ надзор во држави како Србија, како и кампањи за медиумско влијание во Чешка и други земји во Источна и Централна Европа. Но, и т.н. „должничка дипломатија“ во Црна Гора и во Северна Македонија во кои Кина контролира значителна сума на странскиот долг на тие држави“, пишува Шмелцер во извештајот.

Црна Гора и Србија, за првпат од 2003 година, „не се демократски земји“ е заклучок во извештајот на „Фридом Хаус“ во делот „Земји во транзиција“ во кој е истражуван и опишан начинот на управување во 29 земји од поранешниот СССР и Источна Европа, пишува „Глас на Америка“. Двете земји во документот за 2020 година се ставени во категоријата „влади во транзиција или хибридни режими“, како и Македонија и Косово, во кои власта е заснована на авторитаризам како последица на нецелосна демократска промена.

Шмелцер за „Гласот на Америка“ укажува дека проблемите во Црна Гора се најочигледни во правосудството, сфера во која е забележан негативен тренд и недостатоци во независната работа. Забелешките за Србија се однесуваат на негативни показатели во демократските реформи, методите на владеење, а владеачката СНС систематски ја ограничува можноста за вклучување на опозицијата во управување со државата.

„Од 2016 година до 2018 година на дневен ред за гласање во Парламентот се ставаат исклучиво предлози на пратеници кои се пријателски ориентирани кон власта“, стои во извештајот на „Фридом Хаус“.

Шмелцер во документот за 2020 година укажува и дека многу лидери во Централна и Источна Европа повеќе не се преправаат дека внимаваат на демократијата и владеење на правото.

„Заклучоците до кои дојдовме се обесхрабрувачки. Утврдивме дека лидерите и политичарите во тоа подрачје повеќе не се кријат зад демократските фасади. Нивните маски паднаа и тие повеќе не се прикриваат зад почитување на номиналните вредности и отворени ги напаѓаат демократските институции“, подвлекува меѓудругото Шмелцер.

„Македонија без кал“ Извештај Фридом хаус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.