Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фридрих Еберт“: Наградата за човекови права за 2020 година за Зоран Заев

0
By Нова ТВ on June 17, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: fes-europe.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондацијата „Фридрих Еберт“, на двегодишнината од Преспанскиот договор, објавува дека наградата за човекови права за 2020 година ја доделува на Зоран Заев. Официјалното доделување на признанието е планирано наесен во Берлин. На тој начин, стои во денешното соопштение, ФЕС му оддава признание на Заев за личната посветеност кон Договорот и неговите проевропски заложби за слободно и отворено општество.

„Зоран Заев е поранешен премиер на Северна Македонија и претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Северна Македонија. Официјалното доделување на наградата е планирано за оваа есен во Берлин. Со доделување на наградата, Фондацијата „Фридрих Еберт“ му оддава признание на Зоран Заев за неговата мировна политика и склучувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот договор со Грција во 2018 година. Преспанскиот договор подразбираше промена на името на земјата со што се реши 27 годишниот спор за името, овозможи на земјата членство во НАТО и отворање на преговорите за пристап кон Европската Унија. Двата договора се централните обележја за подобрување на животните услови во земјата. Со неговата подготвеност да донесе разумни, но во голема мера непопуларни одлуки, Зоран Заев покажа дека тие одлуки се поважни од неговата политичка судбина“, се појаснува во соопштението од Фондацијата.

Курт Бек, претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, како што стои во соопштението, особено ја нагласува заложбата на Заев за Европа.

„Зоран Заев се залага за слободно, отворено и социјално општество. Неговата решителна  реформска политика не само што придонесе за мирот и стабилноста, туку и ја доближи Северна Македонија со големи чекори кон Европската Унија“, вели Бек.

Заев, подвлекуваат, одигра клучна улога уште како опозициски лидер. За време на „Шарената револуција“ се залагаше за владеење на правото и мирно издејствува нови избори. Подоцна, како премиер, оценуваат, постави нови стандарди, особено во делот на социјалната политика.

„Тој ја зголеми минималната плата за 60 проценти, ги зголеми социјалните придобивки и ги подобри платите на медицинскиот персонал и докторите. По многу години авторитарен регрес во регионот, Зоран Заев лично претставува промена на насоката што им дава надеж на прогресивните сили во регионот“, се наведува во соопштението од Фондацијата.

Наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“, основана од наследството на брачниот пар од Хамбург, Карл и Ида Фајст, беше првпат доделена во 1994 година. Брачната двојка навела во својот тестамент дека ја овластува фондацијата да управува со нивното наследство и секоја година да ја доделува наградата за човекови права. Наградата треба да се доделува на лице или организација, кои дале особен придонес на за човековите права во различни делови од светот.

Паричната награда изнесува 10.000 евра и се доделува на 17 јуни. Минатата година наградата ѝ беше доделена на Мирјам Миранда, активист за правата на жените и заштита на животната средина од Хондурас.

Зоран Заев награда Фондација „Фридрих Еберт“ човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.