Метро станица во Хонг Конг е тешко оштетена откако таму беа фрлени молотови коктели, но притоа никој не е повреден, соопшти владата од каде изразија осуда на сите акти на насилство и најавија темелна истрага за случајот.
Продемократските протести продолжија и денеска во Хонг Конг, но бројот на демонстранти е значително помал за разлика од претходните собири. Неколку илјади луѓе учествуваа на мирен марш во Каулун, а пред седиштето на полицијата се собраа околу 200 луѓе.