Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фронт против Нацртот на законот за високото образование

0
By Zoran Ivanov on February 16, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 16, 2026 20:36

Едноставно, нацртот на ЗВО под плаштот на некаква реформа која ќе го зголеми квалитетот на универзитетското образование, всушност во огромен обем ја руши Автономијата на универзитетот.

Тони Дескоски

По малку изненадувачки, на Правниот факултет за само неколку дена се појави цела лавина на забелешки и критики на Нацртот на ЗВО кој Министерката Јаневска го пушти во јавност.

Пред неколку дена најпрво имавме седница на Институтот за меѓународно (јавно и приватно) право во кој членува и Деканот на Факултетот Проф. Сашо Георгиевски. Едногласно усвоивме 28 забелешки, најголемиот дел за суштинските новини кои се предложени во Нацртот. Намерно не завлегувавме во детали, зашто тоа е невозможно да се срочи во еден документ.

Бев пријатно изненанден кога пред некој ден ни беа доставени Забелешките од другите Институти од Факултетот, кои беа уште поообемни. И интересно, сите забелешки се за новините, а ниту една за одредбите кои се задржани од постојниот ЗВО од 2018 година.

На денешната седница на Наставно-научниот совет, големото мнозинство од присутните се согласивме дека големиот број на забелешки всушност укажува дека понудениот нацрт на ЗВО е неквалитетен и дека е неможно амандмански да се интервенира на него. Дополнително, ако се усвојат дадените забелешки, всушност се враќаме на ЗВО од 2018 (кој нели треба да се смени).

Едноставно, нацртот на ЗВО под плаштот на некаква реформа која ќе го зголеми квалитетот на универзитетското образование, всушност во огромен обем ја руши Автономијата на универзитетот.

Едноставно кажано, клучниот дефект на Нацртот на ЗВО е обидот за корпоративно реструктуирање на универзитетите и факултетите, со (се)моќни Ректори и Декани како нивни раководители, наместо она што Универзитетот претставува од Болоња наваму – колектив на рамноправни индивидуи (професори), кој е раководен од нив самите. Само така можете да имате слобода на мислење и научно творење, а рушењето на овој основен постулат на универзитетската автономија всушност води кон деградирање на Универзитетот. Или поинаку кажано, професорите не се извршители на административни задачи, кои би им ги задавал раководниот орган (Ректорот или Деканот), туку се носители на дејноста.

За непоптизмот

Додека главниот акцент на Министерката при бранењето на Нацртот е дека со него ќе се заоструваат критериумите за избор во наставно-научни и соработнички звања, во исто време се обидува да се затскрие „испуштањето“ на една норма од ЗВО од 2018 година (сегашниот член 160, став 6). Всушност, тоа е одредбата со која се забранува на Факултетите да се примаат во наставно-научни и соработнички звања ДЕЦАТА НА ПРОФЕСОРИТЕ од дадениот Факултет, која гласи:

„На иста единица на универзитет не можат да бидат избрани во наставно-научни, наставно-стручни, научни, наставни и соработнички звања лица кои се роднини по крв во права линија до кој и да е степен.„

На тој начин, Нацртот ширум ја отвора вратата на Факултетите да се примаат децата на Професорите како соработници или наставници. Е, тоа е вистинската новина, а не поставувањето на невозможни услови за избор во звања.

Преземање на наставници со спогодба????!!!!!!

Уште една од безбројните небулози на нацртот на ЗВО е новината (од член 175 став 2) според која за да премине еден професор од една на друга јавна високообразовна или научна установа, веќе нема да мора да се спроведува постапка за избор на установата каде се префрла. Нема конкурс, нема утврдување потреба, нема постапка за избор, нема избор од ННС и потврдување од Сенатот (ако е за редовен професор), туку само спогодба меѓу Установите (која ќе ја склучат одговорните лица). Небаре преземате техничка секретарка или дактилограф. Така, секој од нас едно утро ќе може да биде известен од Деканот дека добил „колега“ на Катедрата од друг Универзитет!

Има уште многу небулози во Нацртот на ЗВО. За да се осврне на нив, на човека би му требале страници и страници текстови. Се надевам дека и други Колеги ќе укажат на некои од нив.

Обидот Нацртот на ЗВО да се поправи е бесцелен, исто како и долготрајниот обид на Едвард Кардељ да ги отстрани недостатоците на социјалистичкото самоуправување.

Единствена опција е истиот да биде повлечен, а потоа со студени глави и со јавна расправа да се размисли што понатаму. Колку побрзо истиот биде повлечен, толку ќе бидат помали штетните последици.

Не сакам ни да го замислам хоророт кој ќе настане ако тој биде усвоен во Законодавниот дом!

Good night and good luck!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

закон колумна образование тони дескоски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.