Евертон го слави Вејн Руни. По победничкиот против Стоук во минатиот викенд, англискиот напаѓач повторно стрелец за тимот од „Гудисон парк“ во ремито (1:1) на „Етихад“ против Манчестер сити во последниот натпревар од второто коло во Премиерлигата.
Руни погоди во 35 минута за прослава на 200. првенствен гол во кариерата. Повеќе голови од него во Премиерлигата има само Алан Ширер (260).
https://www.youtube.com/watch?v=cr4nyqcFuVk
„Граѓаните“, сепак, успеаја да избегнат пораз во завршницата. Реализира Рахим Стерлинг во 82 минута како резултат на силниот притисок што го направи тимот на Пеп Гвардиола за израмнување.
И Манчестер С. и Евертон останаа со играч помалку во натпреварот. Кајл Вокер во само две минути во првото полувреме (42′ и 44′) „собра“ два жолти картона и ги остави на цедило домашните, Шнајдерлин „поцрвене“ кај гостите во 88 минута.