Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛЕ: Бодовите за Розенборг, лоб мајсторија на Фелипе (Видео)

0
By Нова ТВ on September 28, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар е поразен и во вториот настап во групата Л од УЕФА Европа лигата. Розенборг го совлада македонскиот шампион со 3:1 (1:0) во натпревар во кој како утеха за „црвено-црните“ останува дебитантскиот гол во групната фаза на Луис Фелипе. Бразилецот го постигна во првата минута од екстра времето со одмерен лоб удар од 15-16 метри што сигурно ќе конкурира за еден од најефектните во рундата. Стрелци за норвешкиот состав беа Никлас Бендтнер во 25 минута од пенал, кој го понесе и епитетот играч на мечот, потоа Андерс Конрадсен во 56 минута и Вегар Хедестад во 68.

Вардарци, според создадените шанси, заслужија барем гол, Розенборг, според играта, ја заслужи победата. Првата закана на „Леркендал арена“ во Трондхајм ја упати Дејан Блажевски во третата минута пришто левиот дирек беше сојузник на Андре Хансен, Николов во 16 минута шутираше над голот, а, пак, во 34. во добро поставениот противнички голман. Во вториот дел на двапати се обидоа и Барсегјан и Грнчаров, во 82 минута и Исени чиј удар Мелинг го „извади“ од гол-линија за, конечно, Фелипе во надополнувањето да постигне почесен погодок.

Фото: fkvardar.mk

Фудбалерите на Розенборг беа далеку порационални од вардаровите во реализацијата на шансите. Водство им обезбеди Никлас Бендтнер, прва ѕвезда во екипата на Ингебригтсен, со удар од белата точка на што му претходеше прекршок на Висар Муслиу врз екзекуторот на најстрогата казна. Половина час подоцна, Конрадсен, од дистанца, го совлада Гачевски за 2:0. Третиот гол беше дело на Вегар Хедестад по одличната асистенција со петица на Бендтнер.

https://www.youtube.com/watch?v=skbd_W38LSg

Вардар, статистички, за нијанса имаше поголем посед на топката (51 отсо) наспроти 49. на Розенборг. Имаше повеќе додавања (518 – успешни 458) за разлика од домашните кои комплетираа 412 од 482. Но, нивната рационалност ја отсликуваат и бројките. Постигнаа три гола од петте закани кон Филип Гачевски, „црвено-црните“ само еден од деветте обиди кон Хансен.

Наредното коло во УЕФА Европа лигата е закажано на 19 октомври по последните репрезентативни настапи во квалификациите за СП 2018. Вардар во Скопје ќе игра со Реал Сосиедад, а Зенит во Санкт Петербург ќе го дочека Розенборг.

Розенборг – Вардар 3:1 (1:0)

Стадион: „Леркендал арена“ во Трондхајм. Гледачи: 18.000. Гл. судија: Георги Кабаков. Асистенти: Мартин Маргаритов и Мартин Венев (сите тројца од Бугарија). Ж. картони: Скјелвик (Розенборг); Мислиу, Џигаури, Демири (Вардар). Стрелци: Бендтнер 25′ (п), Конрадсен 56′, Хеденстад 68′ за Розенборг; Фелипе 90’+1′ за Вардар

Розенборг (формација: 4-3-3): Хансен – Мелинг, Скјелвик, Региниусен, Хеденстад – Конрадсен (Трондсен 78′), Лундемо (Расмусен 86′), Јенсен – Адегбенро, Бендтнер, Де Ланлај (Јевтовиќ 78′). Менаџер: Каре Ингебригтсен.

Вардар (формација: 4-2-3-1): Гачевски – Демири, Муслиу, Грнчаров, Хамбарѕумјан (Марковиќ 85′) – Глигоров, Николов (Исени 76′) – Блажевски, Фелипе, Џигаури – Барсегјан (Стојчевски 76′). Менаџер: Чедомир Јаневски.

Лига Европа, 2 коло

Група А

Макаби Тел Авив – Вилјареал 0:0

Астана – Славија Прага 1:1

Табела: Вилјареал 4, Славија Прага 4, Макаби Тел Авив 1, Астана 1.

Група Б

Партизан – Динамо Киев 2:3

Скендербег – Јанг Бојс 1:1

Табела: Динамо Киев 6, Јанг Бојс 2, Партизан 1, Скендербег 1.

Група Ц

Лудогорец – Хофенхајм 2:1

Брага – Истанбул Башакшехир 2:1

Табела: Брага 6, Лудогорец 4, Истанбул Башакшехир 1, Хофенхајм 0.

Група Д

Милан – Риека 3:2

АЕК – Австрија Виена 2:2

Табела: Милан 6, АЕК 4, Австрија Виена 1, Риека 0.

Група Е

Евертон – Аполон 2:2

Олимпик Лион – Аталанта 1:1

Табела:  Аталанта 4, Олимпик Лион 2, Аполон 2, Аполон 1.

Група Ф

Локомотив Москва – Жлин 3:0

Шериф Тираспол – Копенхаген 0:0

Табела: Локомотив Москва 4, Копенхаген 2, Шериф Тираспол 2, Жлин 1.

Група Г

Лугано – ФЦС Букурешт 1:2

Викторија Плзен – Хапоел Бер Шева 3:1

Табела: ФЦС Букурешт 6, Викторија Плзен 3, Хапоел Бер Шева 3, Лугано 0.

Група Х

БАТЕ Борисов – Арсенал 2:4

Келн – Црвена звезда 0:1

Табела: Арсенал 6, Црвена звезда 4, БАТЕ Борисов 1, Келн 0.

Група И

Салцбург – Олимпик Марсеј 1:0

Конјаспор – Виторија Гимараеш 2:1

Табела: Салцбург 4, Олимпик Марсеј 3, Конјаспор 3, Виторија Гимараеш 1.

Група Ј

Атлетик Билбао – Зорја Луханск 0:1

Естерсундс – Херта 1:0

Табела: Естерсундс 6, Зорја 3, Херта 1, Атлетик Билбао 1.

Група К

Лацио – Зулте Варегем 2:0

Ница – Витесе 3:0

Табела: Ница 6, Лацио 6, Витесе 0, Зулте Варегем 0.

Група Л

Розенборг – Вардар 3:1

Зенит – Реал Сосиедад 3:1

Табела: Зенит 6, Реал Сосиедад 3, Розенборг 3, Вардар 0.

Идно коло (19 октомври): Вардар – Реал Сосиедад, Зенит – Розенборг

Вардар Лига Европа Розенборг фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.