Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Савичевиќ со нов претседателски мандат во црногорскиот сојуз

0
By Нова ТВ on July 5, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дејан Савичевиќ останува на чело на црногорскиот фудбал и во наредните четири години. Неговата кандидатура за нов четиригодишен претседателски мандат беше прифатена со акламација на денешното изборно Собрание на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора (ФСЦГ) во Подгорица. Поранешниот репрезентативец на Југославија и фудбалер на Црвена звезда и на Милан е на функцијата од 2004 година и, според резултатите од најновото изјаснување на тамошните фудбалски делегати, ќе остане да ја извршува до 2021 година.

Савичевиќ пред највисокото тело на ФСЦГ, првенствено, најави силна заложба за подобрување на фудбалската инфраструктура во земјата во наредниот период, но и верба дека националниот тим би можел да биде сериозен кандидат во квалификациската група за пласман на Светското првенство во Русија во 2018 година.

„Извршувањето на оваа функција го доживувам како голема чест и обврска. Пред нас има голем број на обврски што мора да ги исполниме. Ваквата ваша поддршка ми дава поттик за напорна работа за просперитет на црногорскиот фудбал. Се надевам дека до крајот на овој мандат ќе можеме да кажеме дека имаме стадиони во Цетиње, во Тузи, во Беране“, порача старо-новиот претседател на ФСЦГ пред присутните делегати.

Собранието беше запознато и со финансиското работење на Сојузот во 2016 година што Црногорците ја завршиле со позитивно салдо од близу два милиона евра. Приходната страна во извештајот „тежи“ нешто над осум милиони, а расходната повеќе од шест.

Дејан Савичевиќ мандат претседател фудбал Фудбалски сојуз Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.