Велимир Заец, фудбалска легенда и репрезентативец на поранешна Југославија, доживеа полесен облик на мозочен удар, пишуваат хрватските медиуми. Влошувањето на здравствената состојба се случило во неговиот дом крај Карловац и со возило на итната медицинска помош веднаш беше превезен во болница каде е задржан на натамошни медицински испитувања.
Заец е легенда на загрепски Динамо чиј дрес го носеше цела деценија во кариерата. За репрезентацијата на екс СФРЈ одигра 36 меча во кои постигна и еден гол. За „сините“ настапи на Светското првенство во Шпанија во 1982 година и две години подоцна на Европското првенство во Франција.