Саботниот фудбалски натпревар меѓу Петровац и Рудар во црногорското првенство привлече внимание дури во УЕФА. Европската фудбалска асоцијација почна истрага по сомневањата за лажирање на конечниот исход. Трите бода ги освои гостинската екипа по триумфот со 2:1.
Дека мечот меѓу екипите од Петровац и Плевља е „под лупа“ во Нион потврдија и од Фудбалскиот сојуз на Црна Гора (ФСЦГ). Од таму наведуваат дека комплетната документација е проследена на разгледување пред органите на УЕФА, материјали за случајот се доставени и во црногорската полиција како и во државното обвинителство.
Од ФСЦГ предупредија дека ова ќе биде пракса и во иднина при истиили слични индиции за нерегуларност на фудбалските терени.