Трагедијата се случила вчера попладне за време на контролниот натпревар помеѓу екипите од Лесичово и Ботево

Несреќа се случи за време на фудбалски натпревар во бугарското село Лесичово, кога удрил гром и го усмртил фудбалскиот тренер Иван Ранчев (41).

Итната помош можела само да констатира смрт, пренесуваат бугарските медиуми.

Трагедијата се случила вчера попладне за време на контролниот натпревар помеѓу екипите од Лесичово и Ботево, кога прво почнал да врне силен дожд, а потоа удрил и гром, пренесува порталот „Новините“.

И во еден играч удрил гром, но тој, за среќа, преживеал.