Марко Амелија, конечно, најде нов клуб во кариерата. По шест месеци лутање, поранешниот голман на Челзи во иднина ќе брани во Серија Б, откако реши да ја прифати понудата на Виченца.
Амелија направи транфсер кај лондонските „сини“ во летото во 2015 година. На „Стемфорд бриџ“ беше трет голман кај Жозе Мурињо, но не дочека да се најде меѓу стативите во ниту еден натпревар. Ланското лето се впушти во потрага по нова средина во која ќе добие соодветен третман и минутажа што, сепак, ја најде.
Во Виченца пристигна како слободен играч иако се поврзуваше и со можност да продолжи во Сандерленд, но Дејвис Моес го спречи трансферот. Америја во досегашната кариера бранеше за неколку италијански клубови како Милан, Џенова, Палермо, Ливорно и Перуџа, а, патем, има и девет настапи за репрезентацијата на Италија.