Ја тресе Сицилија: Несторовски со 11. гол му донесе 14. победа на Палермо (Видео)

Македонскиот репрезентативен фудбалски напаѓач го постигна единствениот за сицилијанците во триумфот над Верона (1:0) во меч од 30. коло во Серија Б. Во листата на стрелци се запиша во 46. минута и одигра цел натпревар за домашните. Стартер за Палермо беше и Александар Трајковски кој излезе од игра во 87. минута. 

Два гола на Несторовски, гол и асистенција на Трајковски (Видео)

На крилја на македонските фудбалски репрезентативци, екипата на Палермо ја совлада Перуџа со 4:1 во четвртото коло во Серија Б и се проби до третото место на табелата со скор од две победи и два нерешени исхода

Серија Б: Несторовски ја проби Парма, Палермо загуби на „Енио Тардини“

Македонскиот репрезентативен напаѓач го постигна 13. гол во оваа сезона во дресот на сицилијанците кои имаа задоцнет финиш во дуелот со Парма чии фудбалери славеа со 3:2 во последниот меч од 33. коло