Македонија ќе игра во групата 7 во квалификациите за младинското Европско фудбалско првенство во 2019 година во Италија. Ривали на новата генерација „црвено-жолти“ надежи ќе бидат Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.

„Групата можеби не е атрактивна, но и тоа како е силна и квалитетна. Наша цел ќе биде потврда на игрите и квалитетот од претходниот циклус и конкурентност со секој противник. Во циклусот ќе влеземе со комплетно нова репрезнетација со која повторно же одиме чекор по чекор“, изјави селекторот Благоја Милевски по ждрепката.

Новиот циклус почнува во март оваа година и ќе трае до октомври во 2018 година. Победникот во групата ќе обезбеди директен пласман на завршниот турнир, второпласираните селекции ќе играат бараж.

Македонија (У21) во јуни ќе настапи на Европското првенство во Полска каде ќе игра во групата Б со Србија, Шпанија и Португалија.