Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фуере и Ванхауте: Иванов веднаш да ја повлече скандалозната аболиција

0
By Влатко Чаловски on May 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата во Македонија е многу сериозна а одлуката за колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов само ја продлабочи кризата. Оттаму и изборите на 5.јуни се незамисливи.

Ова го тврдат поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере и Питер Ванхауте, белгискиот експерт кој до неодамна беше посредник помеѓу партиите по Договорот од Пржино.

Фуере, кој се поотворено ја критикува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, потенцира дека ситуацијата од неговото заминување до денес е се полоша.

– Се плашам дека ситуацијата е многу полоша. Не може да се каже дека постои демократија во Македонија. Шансата беше минатата година со политичкиот договор потпишан од лидерите на политичките партии, но сите обврски од него не се испочитувани. Можеби по нешто да, но имаше сериозни потценувања на политичкиот договор. Сега имаме датум за избори закажан на 5.јуни но нема услови за тоа. Пред да се одржат изборите потребна е построга оценка на условите. Верувам дека треба да се земе предвид иднината на земјата, бидејќи избори во овие околности само ќе ја влошат кризата, тврди Фуере.

Фуере дополнува дека одлуката на Иванов е скандалозна, дека мора да ја повлече веднаш и со добра волја да поднесе оставка од функцијата.

На прашање на НОВА, каква била неговата комуникација со владејачката партија додека беше претставник во на ЕУ во Македонија, Фуере вели разговарал и укажувал, но ветувањата останале празни.

– Разговарав со нив и многу пати им дадов до знаење дека мора да ги почитуваат сите обврски кон реформите и многу често, како што е нотирано тоа во Извештајот за напредокот, тие не го направија тоа. Ветуваа многу често, но како што гледаме, поголемиот дел од нивните ветувања не се остварени, изјави поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава.

Во своите констатации за кризата ништо поразличен не ниту Ванхауте. Тој пак вели, Иванов освен што ја продлабочил кризата, ги оневозможил и евентуалните преговори.

– Условите за фер избори мора да бидат исполнети. Тука е и проблемот со одлуката за аболиција на претседателот. Без да се решат овие две работи, нема шанси за отпочнување на некакви нови преговори, вели Ванхауте.

Ванхауте нагласува дека откако престанале преговорите помеѓу партиите, тој особено и укажал на меѓународната заедница дека проблемите ќе продолжат а реформите ќе бидат запоставени.

– Од моментот кога престанав со преговори, зборував и со меѓународната заедница и со амбасадорите и им кажав дека кризата само ќе се продлабочи. Но некогаш кризата не е лоша, туку може да биде стимул за изнаоѓање решение и да се види кој е проблемот и што треба да прземеме. Денес јасно е кој е проблемот но прашањето е како да дојдеме до решавање на тој проблем, потенцира белгискиот посредник во својот одговор.

Одржувањето на изборите на 5.јуни е се понеизвесно. Откако речиси целиот опозициски политички блог најави дека нема да учествува на избори на кои нема да има фер шанса за сите, аналитичарите ја очекуваат одлуката на албанскиот партнер во владата, ДУИ. Со нивно откажување, изборите на 5.јуни, иако закажани веројатно нема да се одржат.

Опозицијата пак, откако спикерот Трајко Вељаноски ги распиша изборите, испрати ултиматум за евентуални нови преговори. Парламентарците да се вратат во Законодавниот дом и да изгласаат одложување на изборите, а Ѓорѓе Иванов веднаш да ја повлече одлуката за колективно аболирање на 56 политичари и луѓе блиски до нив за земјата да ги врати демократските вредности и владеењето на правото.

аболиција ВМРО-ДПМНЕ Ерван Фуере Иванов избори Питер Ванхауте
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.