Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Функционалната методологија за прочистување во судството дава резултати-денеска разрешени уште 3 судии

0
By Mirjana on July 14, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 14, 2021 16:38

Судскиот совет продолжи со ,,филтрација“ на судството, односно со разрешување на судии. Денеска се разрешени уште  тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција а е донесена и одлука за престанок на мандатот на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст.

Разрешените судии времено се одалечени од вршење на судиската функција, информираат од Судскиот совет.

Судскиот совет, се вели во соопштението по одржаната 378 седница, донесе одлуки за престанoк на судии поротници: во Основниот суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Момчило Нацевски, Сузана Дерменџиева и Владимир Тосев, поради истек на мандатот; Основен суд Радовиш: Убавка Петкова, по сопствено барање и Александра Тодорова, поради истек на мандатот и во Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст, но престанокот не е дел од таканаречениот ветинг во судството.

Досега Судскиот совет разреши 16 судии, а процесот продолжува и понатаму со засилено темпо. Ова впрочем е заложба но и дел од ветувањата на Владата дека конечно ќе се одвојат чесните од нечесните судии односно  стручните од нестручните. Со постапките на Судскиот совет за проветрување на судиските редови од оние кои придонесуваат за лошиот имиџ на судството низ годините, индиректно се реализираат и ветувањата на Владата дека ќе создаде услови, самата фела да се ,,ослободи“ од лицата кои постапуваат спротивно на основните постулати на правораздавањето а правдата како загарантирана категорија за сите подеднакво, ја прават недостапна.

По неколкугодишни обиди  да се конципира функционална методологија , по се изгледа дека актуелната верзија е она што недостасуваше, велат за Нова ТВ  извори од фелата, а тоа им помага на членовите на  Судскиот совет да прават проверки во судството и да ги разрешуваат судиите за кои е утврдено дека направиле пропусти во работата или пак намерно застарувале предмети.

Впечатокот на повеќе домашни и меѓународни инстанци е дека се препознаваат заложбите за средување на оваа сфера како од самите судии така и чекорите на владата во насока на зацврстување на правната држава.

Но, ништо не се случува преку ноќ, па така ни со години нерешените и наталожени проблеми во судството и востановените перцепции врз основа на тоа, а ги има многу велат, изворите на Нова ТВ.

Судијата Горан Бошевски од Скопска единица, е класичен пример за застарување предмети. За судијата Стојанче Рибарев од Врховниот суд , потсетуваат нашите извори, многу се пишуваше по медиумите дека кога бил на позиција вршител на должност Претседател на Основниот суд 1 , заминал на боледување точно кога Кривичниот совет од одделот за организиран криминал требало што побрзо да ги комплетира предметите поврзани со случаите ,, Тврдина“ и ,,Таргет“ што се однесуваат на прислушувањето и во кои главни обвинети се двајцата бегалци од правдата, поранешни вработени во петтата управа на МВР , Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Боледувањето се случило по распитот за Акмисот и за Панчевски, потсетува на медиумските написи нашиот соговорник.

Меѓу разрешените е и поранешниот претседател на Апелацискиот суд во Штип Зоранчо Мицевски како и судијката од истиот суд Сузана Здравева, поради тоа што не се изземала за случај во Клиничкиот центар во Штип, бидејќи адвокатската канцеларија каде што работел син и, застапувала една од странките во процесот.

Од досега разрешените 16 судии од страна на Судски совет, одлуките од Врховен суд се потврдени речиси за сите.

Мирјана Трпческа

 

разрешени судии Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.