Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЗОМ: Во моментот разгледуваме што понатаму со детската кардиохирургија

0
By Менче Атанасова Точи on September 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Детската кардиохирургија е ставена на стен бај.  Здравствените власти во моментот разгледуваат што ќе се прави понатаму, откако целиот тим од Државната кардиохирургија предводена од Владимир Чадиковски си замина од приватната болницата за кардиохирургија на Жан Митрев во приватната болница „ Аџибадем Систина“.

„Не сме утврдиле што ќе се прави во иднина, во овој момент  разгледуваме што понатаму. Жан Митрев има буџет да оперира до крајот на годината, а потоа ќе видиме“, изјави Ден Дончев, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Од ФЗОМ, потврдија дека не постоел никаков договор за јавно приватно партнерство со болницата на Жан Митрев иако тоа беше најавено на прес конференција во Влада на почетокот на годината.

„Сакајќи да постигнеме синергија од медицински и кадровски аспект се одлучивме на тој проект. ФЗОМ плаќаше по 400 до 500 000 евра на странски лекари кои вршеа операции на срце кај бебиња до 1 година. Во кардиохируршката болница, Жан Митрев не се изведуваа операции на деца до 1 година, а таму има одлични услови за пациентите. Но, ете од одредени причини проектот не успеа“, рече Дончев.

Тој нагласи дека новата цена со плус 25 отсто за ДГР и 10 отсто за терцијално здравство е единствена цена за сите( Жан Митрев, Аџибадем  Систина) каде што се вршат операции срце кај бебиња.  Државна детска кардиохирургија веќе не постои, откако здравствените власти се одлучија на овој проект кој се покажа за неуспешен.

За ФЗОМ е ирелевантно што Чадиковски е единствен лиценциран детски кардиохирург. Властите велат дека бебињата и понатаму додека има буџет, ќе се оперираат кај Жан Митрев за кој претходно кажаа дека до започнување на овој проект не оперирал деца до 1 година.

Откако целиот тим на Чадиковски си замина во „Аџибадем Систина“, а тој претходно си даде отказ поради несогласување со Жан Митрев, се покрена лавина на реакции во јавноста за целиот овој проект.  Антикорупциска комисија отвори предмет за случајот, а беше најавено дека ќе собираат документација од сите инволвирани институции за да се види дали се постапува според законската регулатива.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.