Професорката и поранешна уставна судијка, Наташа Габер Дамјановска, во изјава за Призма истакнува дека верува дека референдумот кој ќе се одржи во недела ќе биде успешен и верува дека голем број од граѓаните кои ќе излезат ќе гласаат „за“.

„За мене успешен референдум е излезноста да биде што е можно поблиску до официјалните 50 отсто + 1, односно 903.000 лица кои го оствариле своето избирачко право, иако сите знаеме дека вистинскиот број на гласачи е значително помал. И второ, од излезените, да доминира одговорот „ЗА“. Одбивам да размислувам за неуспешен референдум. Секое општество, па и нашето, мора да си ја загарантира својата развојна линија. Верувам дека граѓаните ќе го препознаат тоа и ќе го обезбедат за себе“, истакна Дамјановска.