Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Галичка свадба – традиции од љубов, брак, зурли и тапани

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 12, 2026 09:49

Звукот на зурлите и тапаните повторно одекнува низ камените улици на Галичник. На Петровден, селото во срцето на Мијачијата денес живее во знакот на „Галичка свадба 2026“ – една од најавтентичните и најпрепознатливи македонски културни манифестации.
Во центарот на вниманието се годинашните галички младенци Александар Пендароски и Мартина Михајлова, кои својата љубов ја крунисуваат следејќи ги вековните свадбарски обичаи на мијачкиот крај.

Нивната приказна годинава има и посебна семејна симболика. Точно 35 години по првата современа Галичка свадба во 1991 година, на која се венчале родителите на Александар, нивниот син денес станува галички зет и продолжува една семејна приказна длабоко поврзана со Галичник.
За Александар, учеството на свадбата е многу повеќе од свеченост. Тој претходно истакна дека станува збор за продолжување на семејната врска со Галичник која трае со генерации. Мартина, пак, својата улога на галичка невеста ја опиша како огромна чест и можност да стане дел од македонска традиција со исклучително значење.

Најсвечениот ден започнува со древните галички обичаи

Недела, 12 јули, е денот на венчавањето и кулминацијата на тридневната манифестација.

Според програмата, денес се изведуваат некои од највпечатливите обичаи на Галичката свадба – „канење на мртвите“, „канење на кумот“, традиционалното бричење на зетот, „гледање низ прстен“, тргнувањето по невестата и дарувањето.

Секој од овие ритуали е дел од богатото свадбено наследство на Галичник и со генерации се пренесувал во мијачките семејства.

Младенците ќе се венчаат во храмот „Св. Петар и Павле“, по што свадбената церемонија ќе продолжи со останатите традиционални ритуали. Завршницата е резервирана за свеченото испраќање на тапанџиите и зурлаџиите – симболичниот крај на галичката свадбена приказна.

„Тешкото“, носиите и зурлите го вратија Галичник во минатото

Главните свадбарски обичаи започнаа во саботата. Годинава програмата беше дополнително збогатена со два традиционални ритуали – „китење на ситото“ и „замесување на сваќата“.

Според претседателот на Месната заедница „Галичник“, Огнен Караѓозовски, овие обичаи првпат се претставуваат пред публиката во рамките на современата програма на манифестацијата. Некогаш галичките свадби траеле и повеќе од седум дена, а денес најзначајните обичаи се претставуваат во рамките на свадбениот викенд.

По традиција следуваа пречекот на тапаните, китењето и поставувањето на свадбарскиот бајрак и симболичното „фрлање три пушки“ од куќата на зетот.

На платото пред познатата галичка чешма „Упија“ беа изведени свекрвиното и невестинското оро, а еден од најмоќните моменти повторно беше изведбата на легендарното „Тешкото“ од ансамблот „Танец“.

Со бавните и достоинствени чекори, звукот на зурлите и силниот ритам на тапаните, орото уште еднаш ја оживеа историјата и духот на мијачкиот крај.

Меѓу најсликовитите моменти беше и традиционалното одење на невестата по вода од трите галички чешми. Придружувана од свадбарите, невестата го изведува обичајот кој со векови бил дел од свадбениот живот на Галичник.

Три дена Галичник е центар на македонската традиција

Годинашната манифестација започна на 10 јули со културно-забавна програма. Пред публиката први настапија млади музичари со потекло од Галичник, а потоа следуваше концерт на групата „Дупер“.

Организаторите очекуваа неколку илјади домашни и странски посетители да бидат дел од тридневната манифестација, привлечени од автентичните носии, изворните песни, ората и свадбарските ритуали.

Организатор на „Галичка свадба 2026“ е Месната заедница „Галичник“. Покровител на манифестацијата е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а институционална поддршка обезбедува Министерството за култура и туризам.

Традиција што не живее зад музејско стакло

Посебноста на Галичката свадба е во тоа што таа не претставува само сценска реконструкција на некогашните обичаи.

Во Галичник навистина се венчаваат младенци. Семејствата учествуваат во ритуалите, се облекуваат автентичните мијачки носии, зурлите и тапаните свират низ селото, а свадбарските обичаи повторно се изведуваат онака како што со генерации биле пренесувани.

Токму затоа Галичката свадба останува живо културно наследство – традиција која не се чува само во книги, фотографии и музеи, туку се игра, се пее и се пренесува од една генерација на друга. И официјалната Месна заедница ја опишува манифестацијата како „живо културно наследство, завет и спомен што се пренесува низ генерации“.

За оние кои не можат да бидат во Галичник, програмата се пренесува преку видеоекран на централното плато и во живо на социјалните мрежи.

Поради големиот број посетители воведен е и посебен сообраќаен режим. Организаторите апелираат гостите одговорно да уживаат во празничната атмосфера и да придонесат за зачувување на чистотата, природата и уникатната убавина на Галичник.

Денес, додека „Тешкото“ одекнува меѓу старите галички куќи, Александар и Мартина стануваат дел од една приказна многу поголема од нивната свадба – приказна за љубовта, корените и традицијата што со векови одбива да исчезне.

 

 

2026 галичка свадба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.