Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Галиите, прскалките, фонтаните и врбите не се ни безбедни, ни естетски

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: сдк.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предвидената дислокација на галиите, прскалките, фонтаните и врбите од Вардар ќе се прави исклучиво од  безбедносни причини, иако и нивната естетика е сомнителна, рече денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој посочи дека коритото на Вардар е капитален проект изграден по поплавите во Скопје во 1962 година со цел да се спречат идни поплави и оти во него не смее да има препреки.

– Со тој проект е предвидено коритото да може да апсорбира 100-годишни води и е изградено на три нивоа. Секое намалување на коритото е опасност од поплави, а никако не смее да има препреки во мајнор коритото каде се поставени галиите. Токму затоа се одлучивме и го отстранивме земјениот насип поставен пред првата галија и му наложивме наизведувачот „Бетон“ да го отстрани насипот пред мостот во изградба на кој требаше да биде поставено „панорамското тркало“, рече Шилегов на денешната средба со новинарите.

Низ Скопје, како што кажа, течат три реки Вардар, Треска и Лепенец, а само Треска е регулирана со езерото Козјак.

– Студија на УНДП покажува дека при поплава од мали размери во Скопје, доколку се излeе само Вардар, ќе има штета од околу 50 милиони евра, доколку се излие Вардар и уште една од двете други реки ќе има средна поплава со штети од 252 милиони евра, а ако се излијат трите реки ќе има штета  поголема од 500 милиони евра, рече Шилегов.

Во моментов, посочи, се прават неопходните анализи за да се утврди постапката како да се дислоцираат галиите и што да се прави со мостот, а пролетва ќе се дислоцираат и врбите, прскалките и фонтаните од коритото на Вардар.

Првичните  проценки, додаде, покажуваат дека за дислокација на галиите ќе требаат од четири до 4,5 милиони евра, додека за пренамена на мостот и доизградба во пешачки се потребни 3,5 милиони евра, а за негово уривање нешто помалку.

Вардар Галии фонтани Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.