Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гарет: Договорот од Пржино не е мртов

0
By Нова ТВ on May 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 19, 2016 11:34

Британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, по вчерашото свикување на Собранието на Твитер напиша дека договорот од Пржино не е мртов.

„Не, Пржино не е мртов и закопан. Се уште е правилна рамка за одржливо решение“, напиша Гарет.

garet(1)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инаку вчера на Иницијатива на ДУИ и по одлуката на Уставен суд за времено запирање на изборните дејствија, Собранието закажа седница на која се поништи датумот 5. јуни од Изборниот законик, а се констатираа и оставките на Спасовски и Ременски од министерските функции, со што  Чавков и Спасов се вратија на министерските позиции. На ова опозицијата праша зошто и техничкиот премиер Емил Димитриев не се повлекува од функцијата, но тој не реплицираше на прашањето.

За денеска до Собранието е најавено дека ќе бидат доставени две иницијативи за укинување на аболицијата од претседателот Иванов за 56 лица осомничени за криминал.

Едната е на ДУИкои ќе предложат амандмани за дополнување на Законот за помилување со кои шефот на државата ќе има право да ја укине аболицијата за сите 56 лица или одделно да ја повлекува на барање на лицата што ги помилува.

Вчера пратеникот на СДСМ Петре Шилегов најави дека денеска и тие ќе поднесат иницијатива за изменување на Законот за помилување.

– Ќе видиме колку сте за, а колку против, рече Шилегов вчера од говорницата во Собранието како реплика на пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми, кој побара од пратениците Македонци да побараат укинување на одлуката за аболиција.

СДСМ бара Законодавно-правната комисија преку автентично толкување на Законот за помилување да донесе решение дека членот 11 од Законот не постои и по таа основа Иванов не можел да донесе одлука за помилување.

Од ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати повторија дека Претседателот на државата може да ја повлече аболицијата на барање на секое помилувано лице посебно.

Вчера, амбасадата на САД и Европската комисија во одделни изјави повторно побараа одлуката за аболиција веднаш да биде повлечена.

аболиција Пржино Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.