Британскиот амбасадор Чарлс Гарет на својот Твитер профил напиша:„За еднаквост пред законот потребно е 56 / 56, помилување“.

Со ова тој се придружи на останатите пораки што стигнаа од меѓународната заедница за селективната аболиција на претседателот Иванов.

Ѓорѓе Иванов во петокот донесе одлука за селективно помилување на 22 видни политичари.

ЕУ и САД излегоа со реакција дека таквата одлука е неприфатлива и дека мора да има целосно повлекување на аболицијата за сите 56 политичари.