Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Георгиев: Не е работа на комисијата да каже што е Гоце Делчев

0
By Нова ТВ on November 29, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 29, 2019 13:58

Доколку мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски прашања продолжи да инсистира во нејзината работа да се утврди и да се напише на документ дека Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, нема да имаме решение, изјави македонскиот член на Комисијата, Драги Георгиев при гостување во емисијата „Уште од денот“ на Бугарската национална телевизија.

„Гоце Делчев е многу чувствителна тема и да се одговори на тоа дали бил Бугарин или Македонец и да се бара тоа од нашата комисија, јас сметам дека е апсолутно несоодветно. Не е работа на комисијата да каже што е Гоце Делчев“, изјави Георгиев.

Според него, во тоа време не станува збор за „еден црно-бел свет“ и не постоела јасна поделеност на бугарска или македонска свест, бидејќи „се е испреплетено и сите случувања во тој период се хаотични“. Бугарскиот член на Комисијата, Ангел Димитров гостувајќи во истата емисија, пак, потенцира дека треба да се утврди што бил Гоце Делчев.

„Ако не се знае што е човекот, нема да можеме точно да го определиме неговото дело. Освен тоа нема што ние да кажуваме. Гоце Делчев сам кажал што е, тоа го кажале неговото семејство, неговите другари и соборци. Тие јасно кажале што се“, истакна Димитров.

Инаку, како што најавија Георгиев и Димитров, прашањето за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев е тема на денешната средба на членовите Комисијата, откако во текот на вчерашниот ден тие расправале за средновековната историја и периодот на Османлиската Империја и за учебниците по историја, при што, како што нагласија, не постигнат напредок.

Досега е постигнат мал напредок само во делот на средновековната историја, додека ставовите по однос делото на Гоце Делчев остануваат дијаметрално спротивставени. По изјавите од бугарските политичари со кои се проблематизира македонскиот јазик идентитетот на Гоце Делчев и се упатуваа одредени условувања преку  Рамковна позиција на бугарската влада, а потоа и со Декларација  на Парламентот, премиерот Заев рече дека во 21 век не се преговара за идентитет и се надева оти сите недоразбирања ќе се решеваат преку дијалог.

Претседавачот на мешовитата македонско бугарска комисија експерти која ги води преговорите околу историските моменти, Драги Ѓорѓиев рече дека преговорите во Комисијата ќе продолжат без разлика на она што се случува во политиката.

-Ние  сме академска комисија и нашата работа ќе продолжи беа разлика што се случува во политиката. Ние разговараме на три состаноци, а штом разговараме има простор за наоѓање решение со добра волја од двете страни, вели Ѓорѓиев.

Бугарија и Северна Македонија: Што треба да се прави

Бугарија Гоце Делчев Македонија Мешовита Комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.