Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски помогна на социјално семејство, самохран татко на две деца да добие вработување и редовни месечни примања.

„Денис е татко на две малолетни деца и живее во Општина Центар. Денис досега немаше редовни примања, а со неговото семејство се корисници на редовната помош, која Општина Центар ја доделува на семејства со висок социјален ризик секој месец, во соработка со невладината Банка за Храна. Од утре, Денис ќе биде ангажиран во општинските служби за одржување на хигиената, со што нему и на неговото семејство им се овозможува пристоен живот и подобрување на условите во кои моментално живеат“, се вели во соопштението од Општина Центар.

По средбата, градоначалникот Герасимовски им поделил пригодни новогодишни подароци на дечињата, му посакал успех и напредок во работата на таткото Денис.