Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија бара итно да се избере спикер на Парламентот и нова влада

0
By Нова ТВ on April 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 11, 2017 20:05

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер денеска порача дека е потребно итно решавање на политичката криза во Македонија, бидејќи има негативни ефекти врз сите сфери, пренесе Дојче Веле.

„Инструментите за решавање на политичката криза се на маса и потребна е политичка волја за тоа да биде спроведено“, порача денеска од Скопје, германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Според амбасадорката, што поскоро мора да се избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова влада, затоа што решението на кризата е веќе задоцнето.

„Парламентот да биде кооперативен, да се организира самиот, да избере претседател и потоа да се избере и влада која ќе може да делува. Тоа е редоследот. Не само за доброто на политиката, туку и за доброто на сите: на економијата, општеството, за доброто на сите граѓани поединечно. Тоа мора што поскоро да се случи“, изјави Алтхаузер на денешната прес-конференција во Македонско-германската стопанска комора.

Амбасадорката потсети дека минаа речиси точно четири месеци од одржувањето на предвремените парламентарни избори и дека поради блокадата на демократските процеси, страдаат и економијата и граѓаните.

„Сите анализи на економските експерти покажувааат дека кризата се одразува негативно врз македонското стопанство: пад на Брутодомашниот производ, растечки долгови, сѐ поголем фискален притисок, намалени инвестиции и несигурност и неизвесност во приватниот сектор“.

 

амбасадорка Кристине Алтхаузер. Германија парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.