Јоаким Лев ги откри адутите со кои ќе атакува на одбрана на титулата на Светското фудбалско првенство во Русија. Германскиот селектор адресира покани до 27 играчи кои ќе конкурираат за место во конечниот список на патници за претстојниот мундијал. Но, не и за Марио Геце, човекот со чиј гол во финалето против Аргентина пред четири години „панцерите“ го понесоа шампионскиот трофеј од Бразил.
Место во националниот тим нема ниту за Андреа Ширле, ниту за Емре Џан и неколкумина други играчи кои, според клупските партии во оваа сезона, се очекуваше да добијат репрезентативен статус ова лето за планетарната фудбалска смотра. Тоа, пак, доволно говори за слатките маки што ги имаше Лев при изборот во пресрет на турнирот за што некои ќе речат дека Германците може да состават и две подеднакво квалитетни и конкурентни селекции за највисок пласман на големите турнири.
Список на Германија за Светското првенство во Русија
Голмани: Бернд Лено (Баер Леверкузен), Мануел Ноер (Баерн Минхен), Марк Андре тер Штеген (Барселона), Кевин Трап (ПСЖ)
Одбрана: Џером Боатенг (Баерн Минхен), Матијас Гинтер (Борусија Менхенгладбах), Јонас Хектор (Келн), Матс Хумелс (Баерн Минхен), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Марвин Платенхарт (Херта), Антонио Ридигер (Челзи), Никлас Цуле (Баерн Минхен), Џонатан Тах (Баер Леверкузен)
Среден ред: Џулијан Брант (Баер Леверкузен), Џулијан Дракслер (ПСЖ), Леон Горецка (Шалке 04), Илкај Гундоган (Манчестер сити), Сами Кедира (Јувентус), Тони Крос (Реал Мадрид), Месут Езил (Арсенал), Себастијан Руди (Баерн Минхен), Лирој Сане (Манчестер сити)
Напад: Томас Милер (Баерн Минхен), Марио Гомез (Штутгарт), Нилс Петерсен (Фрајбург), Марко Ројс (Борусија Дортмунд), Тимо Вернер (Лајпциг)