Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија: Казна од 2.500 евра за родители кои не ги вакцинираат децата против морбили

0
By Нова ТВ on May 5, 2019 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан од редовите на Христијанско-демократската унија најави закон со кој се предвидуваат парични казни од 2.500 евра за родители кои не ги вакцинираат своите деца против мали сипаници.

„Наша цел е да се спречи децата да се заразат од морбили. Поради тоа сите деца во градинките и училиштата мора да имаат потврда дека се вакцинирани“, изјави Шпан за денешното издание на весникот „Бил ем Зонтаг“.

За родителите кои не го почитуваат законот предвидени се парични казни и забрана да ги носат децата во градинка. Исклучување на децата од училишната настава не е можно поради задолжителното образование. Родителите на децата кои веќе се во градинки и училишта имаат време во рок од една година треба да донесат потврда за имунизација.

Според статистиката на Епидемиолошкиот институт „Роберт Кох“, 93 отсто од децата во Германија се вакцинирани против морбили. За искоренување на оваа болест, според експертите, неопходна е стапка од 95 отсто.

„Сакаме да ги искорениме малите сипаници. Но, 95 отсто не можеме да оствариме без оглед на сите кампањи и апели. Поради тоа мораме да посегнеме по вакви мерки“, истакна Шпан, кој верува дека законот ќе биде донесен во брза парламентарна процедура.

Во последните месеци, во повеќе делови на Германија беа затворени училишта и градинки поради големиот број деца заразени со морбили. Вакцинацијата во Германија досега беше на доброволна основа.

вакцини Германија казни Морбили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.