Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија повикува на силен, обединет одговор на ЕУ на американските царини

0
By Marija Todorovska on April 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 3, 2025 10:37

Европската Унија мора да покаже единство и сила во одговорот на тарифите наметнати од Соединетите Држави, порачаа германските министри за економија и финансии.

„Силата на Европа е нашата сила. Ние го имаме најголемиот единствен пазар во светот и мора да го искористиме тоа“, рече министерот за економија Роберт Хабек, пренесе Ројтерс.

Министерот за финансии Јорг Кукис, исто така, ја истакна потребата од решителен одговор на ЕУ, но во исто време истакна дека блокот е отворен за преговори.

„Би било наивно да се мисли дека работите ќе се подобрат ако само седиме и гледаме. Очекувам силен одговор од Европската Унија“, изјави Кукис за Би-би-си, додавајќи дека „вратата за договор останува отворена“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата воведе одмазднички тарифи од 20 отсто за стоките од ЕУ увезени во САД.

Во меѓувреме и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен остро ги критикуваше новите царини, предупредувајќи дека тие ќе имаат „катастрофални последици“ за економијата и за милиони луѓе ширум светот.

Таа најави дека ЕУ веќе подготвува контрамерки и го истакна европското единство и одлучност, пренесува Танјуг.

Исто така, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска изјави дека царините наметнати од САД треба да ја поттикнат Европа да постигне трговски договори со други партнери ширум светот.

Германија САД царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.