Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија се отвора: Почнуваат со работа дуќани во кои не се продава храна

0
By Нова ТВ on April 20, 2020 СВЕТ
Фото: willkommen-in-germany.tumblr.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повеќенеделната принудна пауза поради коронавирусот, во Германија од денеска отвораат и продавниците во кои не се продава храна. Условите за работа во покраините се различни, а навала во шопинг-зоните не се очекува

Трговските ланци, продавниците и книжарниците се на стартна позиција и по речиси едномесечна принудна пауза поради корона-кризата, денеска почнуваат олабавувањата на дел од мерките во земјата. Малите и средните, по големина, продавници смеат повторно да ги отворат вратите за муштериите. Исклучок се продавниците со површина над 800 квадратни метри. Трговците со автомобили и велосипеди, како и книжарниците, пак, смеат да продаваат независно од тоа колкава е површината на продавницата.

Како „пачворк“

Потрошувачите, меѓутоа, нема во сите покраини да тргнат веднаш на купување. Во Баварија, Берлин, Тирингија и Брандебург, продавниците смеат да отворат и малку подоцна. Купувањето на многу места ќе биде поинакво – исто како во продавниците за храна, во продавниците за текстил или книжарниците ќе бидат вообичаени маските, ознаките за држење растојание и контролите при влез во дуќаните.

Сојузот и покраините минатата среда постигнаа согласност за почеток на олабавување на мерките за борба против пандемијата, но на повидок нема и единствена стратегија на сојузно ниво за борба против вирусот. Одделните покраини се тие што на крајот одлучуваат како ќе изгледаат конкретно договорените мерки. Критичарите веќе зборуваат за „пачворк“.

Во Рајнланд Пфалц, Сар и Долна Саксонија, на пример, смеат да отворат и поголеми продавници доколку обележат продажна површина од 800 квадратни мерки. Исто така е и во Хесен. Во Бранденбург смеат да отворат и продавниците кои се во состав на трговски центри, а не се поголеми од 800 квадратни метри. Во Саксонија при купувањето важи обврската за носење маска, а така е и во јавниот сообраќај. Саксонија е прва покраина со такво правило.

Алтмајер ги брани мерките

Сојузниот министер за економија Петер Алтмајер ги повика сојузот и покраините на поголема усогласеност. „Не смееме да трчаме наоколку како група кокошки и постојано да се наддаваме со заострување и олабавување на мерките“, опомена Алтмајер. Истовремено, тој застана во одбрана на одлуката прво да се дозволи да отворат помалите продавници. Тие продавници имаат помали резерви и затоа е потешко „да се одржуваат во живот“, вели тој.

Сојузот на градовите ги поздрави мерките за олабавување. „На луѓето им се потребни центри на градовите полни со живот. Ако сега повторно отворат повеќе продавници од трговијата на мало, тоа ќе биде добро за сите: за луѓето кои сакаат да купуваат, за трговците на мало, за нивните вработени и за градовите“, изјави раководителот на Сојузот на градови, Хелмут Деди. Притоа, се смета дека на почетокот купувачите ќе бидат воздржани. „Не очекуваме огромна навала. Продавниците кои сега повторно отвораат ќе бидат исто така отворени и по една недела“, нагласува Деди.

Најавена натамошна помош

Германската влада во корона-кризата планира натамошна помош за секторите кои се особено многу погодени, поради тоа што економијата ќе се враќа во нормала полека. Шефот на Канцлерамтот, Хелге Браун, изјави дека треба да се постапува промислено и полека, а во почитувањето на мерките да се биде дисциплиниран, за да не мора да се враќаат ограничувањата.

Министерот за финансии Олаф Шолц објасни дека станува збор, пред сè, за економските гранки кои сè уште не може да се вратат на нормала поради опасноста од зараза со коронавирусот. „Хотелите и угостителите се сигурно дел од тоа“, рече Шолц. Во таа гранка на 70.000 фирми им се заканува банкрот – или на секоја трета фирма во секторот.

Организаторите на големи настани бараат од политиката јасност за натамошните чекори во сферата на концертите и другите манифестации. Сојузот и покраините, имено, постигнаа согласност за продолжување на забраната за сите големи настани до крајот на август. Досега само во исклучителни случаи е јасно што покраините сметаат за голем настан, критикуваше претседателот на сојузот на компаниите од оваа бранша, Јенс Михов.

Затоа од сите покраински влади се бара повеќе јасност во правилата. Во моментот во Германија и Европа се одложени повеќе од 155.000 настани во живо, информира „Евентим“, најголемата европска компанија за билети и настани во живо. При траење на мерките за забрана во период од шест месеци, според актуелните пресметки, ќе се претрпат загуби од над пет милијарди евра.

Германија економија Коронавирус Продавници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.