Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија започнува со примена на феминистичка надворешна политика

0
By Ана Василевска on March 1, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Аналена Баербок
Аналена Баербок
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борјан Јовановски 

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска ќе ја претстви како што се вели  феминистичката ревизија на дипломатските тактики на земјата, вклучително и создавање на нова дипломатска функција „амбасадор на феминистичката надворешна политика“.

Предлогот содржи 10  насоки, вклучително и нудење родово чувствителна хуманитарна помош во странство; обезбедување на жените и маргинализираните групи вклучени во економските процеси; разгледување на родовите прашања поврзани со  енергетската надворешна политика.

„Ние водиме феминистичка надворешна политика бидејќи тоа е неопходно затоа што мажите и жените сè уште не се еднакви ширум светот“, напиша Баербок во извештајот.

Министерството сака „мерливо да ја унапреди родовата еднаквост во светот“ така што „ сите луѓе се подеднакво застапени во сите области од животот и сите имаат еднаков пристап до ресурсите“, напиша Баербок во предговорот.

Таа додаде дека феминистичката надворешна политика „не е надворешна политика за жените, туку за сите членови на едно општество“, вклучувајќи ги и оние „маргинализирани од општеството врз основа на родов идентитет, потекло, религија, возраст, попреченост, сексуална ориентација или други причини. ”

Новата амбасадорска улога дополнително ќе ги развие насоките и ќе обезбеди нивна имплементација. На оваа функција и биде доделена и сопствена единица во министерството.

Концептот на феминистичка надворешна политика се практикува од други земји со години, при што Шведска стана првата што се обврза на таквите принципи во 2014 година. Следеа земји како Канада, Мексико и Шпанија, но новата шведска влада под централнодесничарскиот премиер Улф Кристерсон ја објави својата намера да го поништи концептот.

Членовите на главната опозициска група во Германија, конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ, се скептични.

Маркус Содер, регионалниот премиер на Баварија и шеф на опозициската демохристијанска  ЦДУ, го нарече планот на Баербок „неразбирлив“, велејќи дека „патувањето низ светот и кажувањето на сите други што треба и што не треба да прават е осудено на неуспех“.

 

Аналена Баербок Германија Феминизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.